ЌЕ БИДЕ ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ШКУПИ: ФФМ го осуди инцидентот во Штип
Објавено во: Македонија 24 Август, 2025 17:49
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево најостро го осуди инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.
„Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери. Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот.“, велат од ФФМ.
Федерацијата најави дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот.
„Поведена ќе биде дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Федерацијата уште еднаш потсетува дека секој чин на насилство на спортските терени е недозволив и строго ќе биде санкциониран. Со насилство, од било кого и на кое било ниво, нема да има компромис“, наведе ФФМ.
ФК Брегалница го осуди нападот врз нивните фудбалери: Апелира до институциите случајот да биде професионално решенВИДЕО: ДВЕ ДЕЦА СЕ ВО БОЛНИЦА: Инцидент по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шукпи
ФОТО: ФФМ
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




