19 Декември, 2025
0.1897

Родител на фудбалер од „Шкупи“ ги нападнал малолетните фудбалери од „Брегалница“: Детали од МВР за инцидентот во Штип

Објавено во: Македонија 24 Август, 2025 15:46

Добивај вести на Viber

Родител на фудбалер од ФК „Шкупи“ физички нападнал двајца малолетници, велат од МВР за Фактор, а во однос на инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ и ФК „Шкупи“.

„Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош“, велат од МВР за Фактор.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Петнаесетгодишните фудбалери, кај кои се констатирани лесни телесни повреди - едниот скршеници на носот, а другиот повреди на ногата се пуштени на домашно лекување. 

Неофицијално, со родителот, на теренот влегле уште двајца други родители, а откако синот на едниот добил црвен картон и незадоволен од одлуката, почнал да удира по фудбалерите.

 Родителот кој е приведен пак, удирал со клоци и боксови по малолетните фудбалери од „Брегалница“.

А.Т.

ВИДЕО: ДВЕ ДЕЦА СЕ ВО БОЛНИЦА: Инцидент по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шукпи

ФК Брегалница го осуди нападот врз нивните фудбалери: Апелира до институциите случајот да биде професионално решен

ЌЕ БИДЕ ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ШКУПИ: ФФМ го осуди инцидентот во Штип

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот