26 Ноември, 2024
0.0282

ЌЕ ДЕЖУРААТ ЛИ И ПРИВАТНИТЕ ИНТЕРНИСТИ ВО КОВИД-БОЛНИЦИТЕ: Деталите ќе се прецизираат утре точно напладне, д-р. Манолев за Фактор

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

По сè полошата епидемиолошка состојба во Македонија, целосна мобилизација најавија здравствените власти и во однос на проширување на болничките капацитети, и во однос на зголемување на бројот на тестирањата, но и во однос на вклучување во дежурствата во болниците на приватните интернисти кои соработуваат со Фондот за здравствено осигурување. Состанокот со нив е договорен за утре, точно напладне.

Претседателот на Здружението на интернисти, д-р. Александар Манолев, за Фактор изјави дека ангажирињето на приватните интернисти во борбата со корона вирусот е всушност предлог од Лекарската комора на Македонија, а за сите детали ќе разговараат на утрешниот состанок со министерот за здравство, Венко Филипче.

-Немаме ништо повеќе од тоа што го изјави министерот Филипче на прес-конференцијата. Јас како претседател на Здружението, ги застапувам интересите и на приватните интернисти, но и на колегите интернисти од јавното здравство. Ќе видиме утре какви се плановите, за што конкретно станува збор и каде би бил точно нивниот ангажман, изјави д-р. Манолев за Фактор

Инаку, вчера, министерот Филипче рече дека од исклучителна важност е здравствениот кадар, заради што се  мобилизираат лекарите интернисти од болниците за да може да помогнат во лекувањето на пациентите со корона вирусот. Клиниката за инфективни болести, како што рече, ќе има поддршка од  повеќе клиники од интерните гранки, како и Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, кој практично огромен број од кадарот го намени да биде на помош на колегите на Инфективната клиника. Во однос на ангажирањето на приватните интернисти во дежурствата во ковид-болниците, Филипче истакна:

-Имавме состанок со претседателката на Лекарската комора и претставникот на приватните лекари во рамки на ЛКМ и за в среда закажавме состанок со сите приватни интернисти во државата, кои имаат договор со ФЗОМ, вкупно се 56 од кои половина во Скопје за да може да се вклучат во системот на дежурства во сите овие болници каде се лекуваат пациентите заболени од ковид. 

Дел од директорите на болничките установи каде месеци наназад лекуваат пациенти болни од вирусот, велат дека ова што моентално се случува секаде во светот е заедничка борба на сите, ако успешно сакаме да се справиме со кризата.

-Треба сите да разберат дека ние сме во некоја III-Светска војна, но секако од здравствен аспект, каде целокупното здравство се управува од здравствените власти, пред сè, министерот и Комисијата за заразни болести. Целиот здравствен систем секога, а посебно сега во време на епидемија, зависи од професионалци, односно лекари, сестри, и сиот останат здравствен кадар, така што секоја помош во моментов е добредојдена. Во Ковид-центарот Козле веќе имаме помош од Клиниката за инфективни болести. Со тимот раководи д-р. Сања Петрушевска-Маринковиќ, а од денеска повторно ќе се примаат и возрасни пациенти заразени со Ковид-19, изјави за Фактор, директорот, д-р. Ангелчо Андоновски.

Според планот за дополнителни болнички капацитети, во болницата во Козле ќе има 40 кревети за кои, како што велат, има кадар кој таму може да работи. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“, со кадарот кој таму работи. Реорганизација и пренамена се прави и во сите останати клинички и општи болници во Македонија, каде во моментов се лекуваат близу 600 пациенти болни од Ковид-19. 

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ