25 Април, 2024
0.0518

Ќе ги посети сите балкански земји, само Македонија не му била на агендата досега

Објавено во: Македонија 30 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Рускиот патријарх Кирил кој допатува во Тирана на покана на Албанската првославна автокефална црква, во текот на своето животно делување јасно е дека со сигурност ќе ги посети сите балкански земји, освен Македонија како отворено прашање. Досега бил во сите држави каде што православното население е во мнозинство, а популарен како голем светски патник речиси нема позната земја што не ја посетил официјално. Буквално неговата нога стапнала во сите држави каде што постои барем мала православна заедница.

На Балканот, со посетата на Албанија, му преостануваат уште две земји каде што не отишол - БИХ и Македонија. Но, во Република Српска, односно во Бања Лука треба на лето да присуствува на поставување на камен-темелник на црква што ќе се гради во чест на 100-годишнината од егзекуцијата на кралското семејство Романови од страна на Болшевиците, додека Македонија засега не му е на агендата. Пред посетата на Албанија, во Романија во 2017-та беше првиот руски патријарх што ја посетил оваа балканска земја по падот на комунизмот. Откако е на функција од 2009-та повеќекратно гостувал во Грција, Србија и Бугарија, а по еднаш бил во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Турција.

Интересно е тоа што, покрај стотината земји што ги посетил, неговата нога во 2016-та има стапнато и на Антактикот (Јужниот пол), каде што само привремено живеат единствено научници. Таму допатува со руска флота преку Чиле, откако претходно заедно со папата Франсиск ја посетија Куба. Бил примен таму каде што демократијата се држи на стаклени нозе или пак религиозниот живот е мошне отежнат, на пр. Северна Кореја. Важи за мошне близок пријател со рускиот претседател Владимир Путин, за кого во една прилика изјави дека е „Чудо од Бога“.

Надвор од Европа посетил голем број на земји: Јапонија, Канада, Кина, Либан, Сирија, САД, Бразил (сите овие повеќекратно), Австралија, Чиле, Иран, Мароко, Аргентина, Мексико, Панама, Перу, Куба, Непал, Тунис, Монголија, Виетнам, Камбоџа, Тајланд, Ирак, Филипини, Хонг Конг, Макао, Индонезија, Сингапур, Доминиканска Република, Јемен, Индија, Северна Кореја, Јужноафриканска Република, Малезија, Индонезија, Индија, Туркменистан, Коста Рика, Венецуела, Колумбија, Еквадор, Ангола, Намибија. 
Во својата кариера пред да стане Патријарх контактирал и со црквите во Нов Зеланд, Шри Ланка, Лаос, Јамајка, Конго.

Посетувал многу земји каде што требало да се помируваат цркви, да се инаугурира нов висок свештеник, да се учествува на конференции, форуми и симпозиуми, или пак да прими орден за заслуги.

- Знаете дека во Македонија се регистрирани две православни цркви, а тоа е против-законски. Тоа малку е комплицирано, но се надеваме дека еден ден Патријархот Кирил ќе ја посети Македонија и ние би биле многу задоволни - ни изјави свештено лице од МПЦ.

Од преостанатите земји со доминантно православно население не бил уште само во Грузија, најверојатно по затегнатите односи по руската воена интервенција во 2008 и признавањето на Абхазија и Северна Осетија, но веќе неколку пати по ред е најавено дека ќе го пречекаат.

На денешната света богослужба што се одржа во храмот „Воскресение Христово“ во Тирана нагласи дека неговата посета претставува нова страница во соработката меѓу руската и албанската првославна црква.

Поглаварот на албанската црква, Анастас Јанулатос, истакна дека оваа е историска посета и искажа благодарност за патријархот Кирил и неговата придружба.

Посетата на патријархот Кирил, тамошните медиуми ја карактеризираат како досега најважен настан за албанската првославна црква.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини