ЌЕ ГИ УСОГЛАСАТ СТАВОВИТЕ, ИЛИ ЌЕ СИ ТЕРААТ ПО СВОЕ: Политичките чинители ќе расправаат за уставните измени
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2018 08:48
Власта и опозицијата се разминуваат во ставовите за прашањето поврзано со уставните измени. Според СДСМ, Македонија е пред неповторлива шанса додека ВМРО ДПМНЕ смета оти процесот е неуставен.
Пратениците од партиите во Парламентот ќе продолжат да расправаат за точката која е жешка, а дали ќе успеат барем малку да ги доближат мислењата и да најдат компромис ќе видиме на денешната собраниска комисија за уставни прашања.
Заев ги повика пратениците да покажат храброст и да ги надминат предрасудите бидејќи како што вели оваа шанса е неповторлива а политичките чинители се наоѓаат пред сериозната одговорност.
-Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, зашто оваа шанса е неповторлива. Одлуката што ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните. Верувам дека сите ние, пред се и над се, ќе мислиме на нашата држава, на децата и на генерациите кои доаѓаат по нас, истакна премиерот.
Одлука дали ќе се оди на нови избори или ќе се обезбеди двотретинско мнозинство најверојкатно ќе има следната недела..
Раправата по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата, согласно член 196 од Деловникот, може да трае најмногу десет работни дена. Членовите на Комисијата за уставни прашања и пратениците во текот на претресот може да зборуваат повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координаторите на пратеничките групи вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот, пак, може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




