28 Ноември, 2024
0.0304

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Ќе ги зголеми ли ЕЦБ каматните стапки и покрај рецесијата?

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Бикот официјално се врати на американските берзи по 248 дена

Во пресрет на одлуките на американската и европската централна банка, кои заседаваат оваа недела, на берзите изминативе денови владееше прилично оптимистичка атмосфера. Најследениот американски берзански индекс – S&P 500, по нешто помалку од осум месеци откако ја достигна најниската вредност, минатата недела повторно влезе на биковска територија, дефинирана со раст од 20% од минимумот постигнат во октомври 2022 година. Во споредба со екстремно силните скокови на берзите кои следеа по падовите во поновата историја (особено пост-коронавирусот), овој пат растот беше многу постепен и не се засноваше на монетарни стимулации од централните банки. Сепак, тешко е да се каже дека во последните месеци тоа закрепнување беше резултат на економскиот раст и општото зголемување на корпоративните профити. Американските, а со тоа и глобалните индекси се задржаа над површината благодарение на акциите со најголема вредност. Се разбира, најзастапени се акциите на технолошките гиганти, кои меѓу другото беа доведени до височини од ентузијазмот за пробив во користењето на вештачката интелигенција.

Недела одбележана од централните банки

Спротивно на очекувањата, минатата недела каматните стапки ги зголемија канадската и австралиската централна банка, што малку ги зголеми стравувањата кај инвеститорите дека и другите важни централни банки ќе ги зголемуваат каматните стапки подолго од сегашните предвидувања. Многу повеќе ќе се знае за тековните позиции на американската ФЕД и ЕЦБ веќе во четврток, кога ќе ја завршат јунската средба и ќе ги објават своите одлуки. И покрај фактот што инфлацијата и инфлаторните очекувања се намалија во последниот период, а еврозоната се најде во техничка рецесија според ревидираните податоци на Евростат (2 последователни квартали со негативен економски раст), се чини дека ЕЦБ ќе остане рестриктивна и ќе го задржи како приоритет намалувањето на инфлацијата. Може да очекуваме ново зголемување на основната каматна стапка за 0,25%. Од друга страна, пазарите сметаат на ФЕД да ја задржи каматната стапка на ниво меѓу 5% и 5,25%, секој друг потег брзо би ги вознемирил берзите.

Во однос на изгледите за следниве месеци, многу важни ќе бидат и податоците за мајската инфлација во САД, која според прогнозите на економистите треба да падне на 4,2% (мерено со индексот на CPI). За падот најмногу ќе придонесат значително пониските цени на енергијата, на пример, за барел сурова нафта WTI минатиот јуни требаше да се одбијат меѓу 110 и 120 американски долари, додека денес цената е под 70 долари. Според тоа, фокусот ќе биде ставен на податоците за базичната инфлација (независно од влијанието на движењата на цените на храната и енергијата), каде што падот ќе биде многу помал.

Економското закрепнување на Кина веќе не оди според планот

Неделата зад нас донесе нови разочарувачки економски податоци од Кина. Во споредба со минатата година, извозот падна за 7,5%, закрепнувањето на приватната потрошувачка успори, па поради тоа потрошувачката останува далеку под нивото пред пандемијата. Нискиот економски раст се одразува и на едвај позитивната инфлација, која во април изнесуваше 0,3% мерена со индексот на CPI, а беше дури и благо негативна на месечно ниво. Интересна бројка за западните централни банки е падот на цените од речиси 5% кај кинеските производители, што заедно со многу поевтината испорака, исто така, ја лади европската и американската инфлација. И невработеноста кај младите станува голем кинески проблем, а тие се почесто го изразуваат своето незадоволство од состојбата во државата. Со слаби економски податоци и криза во секторот на недвижности, гласините за претстојниот фискален стимул се се погласни. Ова може уште еднаш да ги довеве кинеските акции како една од најлоши оваа година.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Политиките на централната банка продолжуваат да го диктираат пулсот на пазарите на капитал. Повисоките каматни стапки имаат негативно влијание во секторот на недвижности, но се уште ги немаат манифестирано сите свои негативни последици во економијата. Инфлацијата покажува знаци на оладување, но проблемот останува упорно високата базична инфлација, главно поради наемнините. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на раст и покрај турбуленциите. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната политика. Сценариото на заладување на економскиот раст, рецесија а со тоа и пад на добивката не се земени предвид при високите вреднувања на берзите, особено на технолошките акции. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, глобалните акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Американските акции во моментов изгледаат поатрактивни поради зголемениот удел во технолошки акции, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Но, од друга страна, имаме нова приказна за вештачката интелигенција која ги поттикнува технолошките гиганти. Обврзниците во 2023 година функционираат како добра инвестиција. Циклусот на зголемување на каматните стапки се ближи кон крајот, инфлацијата се намалува, а и двете ја зголемуваат атрактивноста на инвестициите во обврзници. Трпеливиот инвеститор треба да продолжи да додава на постојните позиции, како на берзата, така и на пазарот на обврзници.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА