05 Декември, 2025
0.0322

ЌЕ ИМА КАМПАЊА ЗА ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ: Граѓаните ќе го купуваат домашното или поевтиното?

Објавено во: Економија, Агробизнис 01 Јули, 2025 09:05

Добивај вести на Viber

Најавено е дека ќе има кампања за поттикнување на купување на домашни земјоделски производи, нешто за што граѓаните имаат различни мислења.

Некои велат дека ќе купуваат домашни производи, други додаваат дека ќе ги купуваат оние намирници кои се поевтини. Сепак сите се согласуваат дека е добро на домашните прозводители на храна да им се даде поддршка во каква било форма.

„Јас сум производител, имам бавча во село, за себе си произведувам, а тоа што ќе остане ќе го продадам. Мислам дека луѓето ќе купуваат домашно, би требало да има одзив“, рече Снежана Донева, граѓанка.

Но, дел од луѓето велат дека го купуваат она што можат да си го дозволат.

„Џабе ќе ги означуваат производите, затоа што цената е пресудна. Тоа би имало ефект, кога би имале подобар стандард“, додава друга жена.

Друга граѓанка вели дека народот треба да купува поквалитетна храна, макар и поскапа, затоа што ако граѓаните трошат за скапи автомобили, скапи телефони, нема оправдување да се штеди на храна. Додава дека здравата храна е основа за добро здравје и на тоа не треба да се штедат пари.

„Јас купувам нешто на пазар, нешто во продавници, во маркети, зависи и мислам дека тоа нема многу да влијае кај народот. Разликата во цената е 10 денари, не е некоја голема сума. Доцна е за да се стимулираат земјоделците, огорчени се затоа што работат во загуба“, објаснува Живка Димитриевска, граѓанка.

Владата ќе прави кампања за купување домашни земјоделски прозводи, со која како што соопштуваат, ќе се поттикне растот на домашната економија.

Ристо Велков, од Сојузот синдикат на земјоделски производители во струмичко објаснува дека албанскиот зеленчук кој завршува на македонскиот пазар е поевтин, но не е информиран дали албанските земјоделци имаат поевтини репроматеријали. Тој ја поздравува идејата на Владата и вели дека мерката е добра ако се спроведува како што треба.

„Мерката не е задоцнета, ми се допаѓа, но како ќе знаеме што од производите е наше? Валидноста на самиот производ треба да се утврди дали е од Македонија. Да знаеме што и како произведуваме. Ако се практикува како што треба и ако најдат начин од власта, во ред е мерката. Ние сакаме да си го заштитиме домашното производство“, вели Велков.

Кампањата „Купувај домашни земјоделски производи“ за промоција на домашното земјоделско производство е во завршна фаза. Целта на Министерството и на Владата со кампањата е да се поттикне растот на домашната економија со што директно ќе се влијае врз зголемувањето на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци. Секој производ кој е произведен во Македонија ќе биде обележан и лесно препознатлив. Граѓаните ќе имаат увид што е домашно, а што е увезено. Од Владата велат дека целта им е да ја направат Македонија земјоделски независна држава.

Податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека во 2024 година се регистрирани 506.586 хектари обработлива површина. Намалување е забележано кај ораниците и бавчите за 2 отсто и кај лозјата за 1.7 отсто, а зголемување има кај овоштарниците за 3.1 отсто. 

Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај компирот за 9 отсто и кај краставиците за 3.6 отсто. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај оризот за 6.9 отсто, а кај сончогледот за 10.2 отсто. 

Во 2024 година во однос на 2023 година е забележано значително зголемување на производството кај сите овошја. Најголемо зголемување има кај јаболката за 59.1 отсто и кај црешите за 41 отсто. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети