05 Декември, 2025
0.0290

ЌЕ ИМА ЛИ КРАЈ НА ТУНЕЛОТ: ЕСМ се задoлжува за уште 60 милиони евра кај домашни банки

Објавено во: Економија 02 Декември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ за околу 13 и пол месеци се задолжи за повеќе од 170 милиони евра кај домашните деловни банки, откако Владата минатата недела издаде дозвола за уште еден кредит, овој пат од 60 милиони евра. Овие суми звучат како неверојатни, ако се знае дека претходно ваква пракса на задолжување речиси немаше никогаш. Лани друштвото ја заврши годината со загуба од 123 милиони евра, а кон огромен минус се движи и во 2025.

Само што беше објавено дека поскапува струјата што македонското електростопанство ќе му ја продава на универзалнит снабдувач на домаќинствата и малите потршувачи ЕВН Хоме од 62 на 65 евра по мегаватчас, во истиот период Владата донела одлука со која се одобрува државна гаранција за новото задолжување на ЕСМ.

Лани во октомври беше земен кредит од 82 милиони евра од Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје и Уни банка АД Скопје. Годинава во јуни следуваше уште едно задолжување од 30 милиони евра од Халк Банка. Сега е одобрено кредитирање од 60 милиони евра од  Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Халк банка.

„Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија во име на Република Северна Македонија издава државна гаранција со која го гарантира навременото и целосно исполнување на обврските на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје кон Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Халк банка АД Скопје по основ на главен долг и камата кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит наменет за измирување на достасани обврски со цел одржување на ликвидност и итна финансиска консолидација на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје во износ од 3.600.000.000 (три милијарди и шестотини милиони) денари, со рок на отплата до десет години со вклучени две години грејс период и договорна камата по каматна стапка во висина на референтната стапка која е последно објавена на денот на склучување на овој договор, зголемена за каматна маржа од 1,7 процентни поени, годишно, декурзивно, но не помалку од 4,2% годишно, доколку Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот“, објавено е во Службен весник.

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во емисијата „360 Степени“ на МТВ на прашањето зошто државата не ги покрива загубите на државните електрани наместо друштвото да се задолжува со камати, рече дека тоа се прави за да не се зголемува буџетскиот долг, а ЕСМ сам од себе да се консолидира на долг рок.

ЕСМ минатата година има трошоци од 6,5 милиони евра само за исплатени камати на основните рати од кредитите добиени од домашните и меѓународните банки, објавено е во независниот ревизорски извештај направен за работењето на државното електростопанство за 2024. Ставката „расходи врз основа на камати од работењето со неповрзани друштва“ прикажува потрошени 397.491.000 денари минатата година, што е двојно повеќе од 2023 кога платената годишна „цена“ на заемите изнесувала 193.760.000 денари.

Александар Кузмановски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети