Ќе има ли одговорност за пасошот на Онишченко?
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да има одговорност за издавањето на македонско државјанство на украинскиот државјанин Олексндр Онишченко, кој што е на црната листа на САД.
Тој е огорчен што институциите во Македонија дозволиле таков пропуст, а причините очекува да ги открие внатрешната истрага во Агенцијата за национална безбедност.
„Она што е обврска на Агенцијата за национална безбедност е да спроведе сеопфатна истрага внатре во своите редови, во однос на тоа како е спроведена постапката и за тоа да ја информира Владата секако на затворена владина седница, бидејќи тоа се сензитивни информации“, изјави Ковачевски.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Тв21, кажа дека пропусти се случуваат, но важно е да има одговорност.ВМРО-ДПМНЕ инсистира на одговорност и вели дека за оваа влада на СДСМ и на ДУИ неказнивоста и неодговорноста се симбол.