ЌЕ ИМА ЛИ ЗАБРАНА НА СВАДБИТЕ ВО ЗАТВОРЕНО? Комисијата за заразни болести ќе разгледува ваква можност
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2021
По благиот пораст
на новозаразени со корона вирусот во Македонија, Комисијата за заразни болести
денеска ќе разговара за актуелната епидемиолошка состојба и по направаните
анализи и проценки можно е да одлучува за некои мерки.
Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но поради познатите кластери од тетовско, еден од свадба, друг семејна веселба, дел од членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека би било добро да има забрана на таквите веселби во затворен простор. Исто така, како што поосчуваат за Фактор, би било добро да има и позасилени контроли на границите, да не се влегува во земјата без ПЦР или потврда за вакцинација. Сепак, за сите овие прашања, велат изворите на Фактор ќе се одлучува на состанокот кој почнува во 9.00 часот, по што ќе излезат со детални информации.
Инаку, дел од експертите во Македонија, веќе неколку дена алармираат дека бројот на новозаразени ќе почне повторно да се зголемува, доколку здравствените власти не вратат дел од рестриктивните мерки.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.