ЌЕ ИМА ОТКАЗИ: Преработувачката индустрија е во криза
Објавено во: Економија, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Лоша е состојбата во преработувачката индустрија, и се очекува губење на работни места.
Според Државниот завод за статистика, економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија е неповолна.
„Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65,4 отсто од нормалното искористување“, стои во соопштението.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2020 година е намален за три процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13, а во однос на мај лани е намален за осум процентни поени.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,4 проценти, неизвесното економско опкружување со 14,6 и недоволната домашна побарувачка со 12,7 отсто.
Поволна прогноза за секторот имаше во февруари, но и тогаш беше наведено дека бројот на вработени ќе се намали.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.