Ќе испратам полк во Скопје да ги отстрани спомениците, вели Каракачанов
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020
Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија, вели бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“.
Тој вели дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години, и дека не треба да се потпише нов договор.
„Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти“, рече Каракачанов.
Бугарија се заканува со блокада на македонските преговори со ЕУ.
Премиерот Зоран Заев се надева дека во декември ќе ги почнеме преговорите, но ако тоа не се случи вели дека има работи кои ние не можеме да ги прифатиме.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.