ЌЕ ИЗГОРИМЕ - ПОПОСКИ НАЈАВУВА ДЕСЕТ „ПЕКОЛНИ“ ДЕНОВИ: Африканскиот бран ни носи многу високи температури
Објавено во: Македонија 17 Август, 2023 11:37
Метеорологот Славчо Попоски најавува дека тополиот бран кој ја зафаќа нашата земаја ќе трае десетина дена.
Како што укажува Поповски, целата земја ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, што ќе донесе високи температури, и висок УВ индекс.
- Најновите анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека во следните десет денови територијата на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, и истата ќе донесе високи температури на воздухот, како и висок Ув индекс.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, а максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8 ). Апелираме во следните денови и покрај тоа што не се очекуваат некои екстремно високи температури на воздухот, сепак без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да се пијат повеќе течности, и тоа поради високиот Ув индекс - пишува Попоски на неговата веб страна.
Тој напоменува дека во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за развој на изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и топло време со аксимални температури кои поради топлиот Африкански бран ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




