18 Декември, 2025
0.1740

„ЌЕ ИЗГУБАТ ОНИЕ ШТО САКААТ ДА ЈА ДЕЛАТ МАКЕДОНИЈА И ШТО ЈА ПОНИЖУВАА“: Мицкоски вели дека оваа власт има видливи резултати

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2025 13:04

Добивај вести на Viber

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати порака до опозициските партии дека ќе ги изгубат изборите. 

„Сакам да испратиме порака до оние кои што се уште сонуваат дека можат да ја делат Македонија, до оние кои што се уште мислат дека живеат во национал-романтичните соништа од минатиот век, до они кои седум години ја пустошеа, понижуваа, засрамуваа Македонија и граѓаните. До оние политичари кои поради преголемата лична фрустрација и желба за власт, заслепени од немоќта тоа да го реализираат, најчесто навредуваат, но тоа и толку не боли, веќе се навикнавме, повеќе боли тоа што според онесувањето кон однесувањето кон сопсвената партија каде буквално ги крадат сопствените членови, можете да видите како ќе се однесуваат кон државата и ресурсите на државата. Затоа заедно да им испратиме порака: Македонија ќе успее, Македонија ќе ве победи и нема назад“. Ќе ги поразиме сите ваши интриги, сите ваши тажни обиди да не инволвирате во вашите предавства, сите афери и апатијата која што ја создадовте, затоа што во нас чука срце, ние сме луѓе кои живееме за идеја и мечтаеме. Се бориме да ги подобриме животите на сите и покрај вашите опструкции, планови и деструкција. Ви ветувам дека и на овие избори ќе ве победиме“, рече Мицкоски.

Вели дека изминатите години биле тешки, со порази и предизвици.

„Пред само една година, ја затекнавме државата во најтешка состојба. Разурнати институции, корупција која метастазираше во секое ќоше на системот, инфлација која го јадеше семејниот буџет, задолжување и долгови кои ги чувствуваме и денес. Сиромаштија и безперспективност, исселување на младите. Се чувствуваше дека државата е без кормило и без насока. Ние влеговме во оваа борба не за фотелји туку за иднината на Македонија. Ги градевме темелите на промените и денес можам да кажам дека првите чекори се направени. Пред нас е време кога резултатите стануваат видливи, кога доаѓа подобро време“, кажа тој.

Да се биде политичар, рече, не е награда, туку должност

„Ако денес ме прашате што ме држи буден ноќе - не се тоа говорите, рекламите или настапите на телевизија, не се протоколите, салите полни со луѓе. Тоа се списоците што ги носам во мислите на недовршени улици, неосветлени училишни дворови, незагрени училници во кои седат нашите деца. На предизвиците кои ги имаат нашите луѓе“, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги пофали своите кандидати дека имаат дела зад себе и дека не даваат празни зборови.

„Денес сме собрани за кандидати што доаѓаат пред вас не со празни зборови, туку со дела зад себе. За луѓе кои со сите предизвици со кои се соочуваа и ќе се соочуваат, ја знаат тежината на довербата и светоста на дадениот збор. За луѓе кои сакаат да бидат ваши соседи и пријатели и тогаш кога ќе ја носат одговорноста како градоначалници, но и кои ќе останат покрај вас тогаш кога нема да бидат функционери. За луѓе, за вашите луѓе, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина. Затоа денес со гордост ги претставувам и поддржувам нашите кандидати и идни градоначалници, луѓе кои во изминатите години покажува што значи да се работи со визија, чесност и упорност. Луѓе што ги променија општините. Во изминативе четири години, од кои цели три години беа со жесток отпор и кочница од централната власт заедно со градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата градеа. Денес со чист образ стојам пред вас“, посочи Мицкоски. 

Тој им рече да не се плашат од очекувањата на граѓаните зошто довербата од народот е најголема чест но и најголема обврска. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија