08 Декември, 2025
0.1046

„ЌЕ ЈА ОБЕДИНИ ТРАГИЧНО ПОДЕЛЕНАТА НАЦИЈА“: Тахири од Косово вели промени на границите ќе водат кон спојување на Албанците

Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2025 10:14

Добивај вести на Viber

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири, оцени дека евентуалните промени на границите на Балканот би биле „добри за Албанците“, бидејќи, како што рече, „ќе ја обедини (таа) трагично поделената нација“. 

Како што пишуваат медиумите во соседно Косово, Тахири на Фејсбук напиша дека „почнале шпекулациите за мировните преговори предводени од Трамп“.

„Шпекулациите на проруските и просрпските аналитичари ја афирмираат идејата за промена на границите, вклучително и на Балканот, поточно меѓу Косово и Србија“, наведе Тахири, пренесува „kossev.info“.

Таа, сепак, вели дека американскиот претседател „многу добро знае дека нема промена на границите само на еден дел од Балканот и тие ќе се менуваат на целиот Балкан, преку мир или војна“.

Според неа, менувањето на границите е добро за Албанците, бидејќи тоа би довело до обединување на „веќе трагичната поделба на албанската нација“.

Сепак, како што пишува овој медиум, ова не е прв пат албанските лидери да зборуваат за обединување, и потсетуваат дека и во минатото со поддршка за оваа идеја се изјасниле повеќе политичари во Косово, но и од Албанија - сите Албанци во една земја.

Во ноември 2021 година, по заедничката седница на Владата на Косово и Албанија, албанскиот премиер Еди Рама исто така изјави дека ќе гласа „За“ обединување и дека обединувањето ќе се случи, но и дека не знае кога би можело да се одржи референдумот за тоа прашање.

Само два дена подоцна, Љибурн Аљиу зборуваше за обединување, наведувајќи дека на тоа постојано се работи „на природен начин“ и дека границата е „само вештачка поделба на две земји“, пренесе Економијата онлајн.

Истовремено, Аљиу на почетокот на декември 2023 година рече дека „Косово е привремен проект и преоден процес во насока на спојување со Албанија“. Изјавите на овој министер предизвикаа бројни негативни реакции кај косовската опозиција.

Покрај членството на Косово во НАТО и ЕУ, обединувањето со Албанија беше столбот на надворешната политика што ја водеше лидерот на ААК Рамуш Харадинај во предизборната кампања во 2021 година. Тој дури изрази уверување дека „сојузниците на Косово“ ќе поддржат таков чекор.

Сепак, тамошните медиуми потсетуваат и на изјавите на американските претставници.

„Американските војници не се бореа - а некои од нив загинаа - за создавање на Голема Србија и Голема Албанија на Балканот“, одговори поранешниот американски амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

САД не поддржуваат ниту „Голема Албанија“ ниту „Голема Србија“, на крајот на летото 2023 година во разговор со новинарите во Приштина изјави актуелниот американски амбасадор Џефри Ховениер.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија