Добивај вести на Viber
Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, се огласи на Фејсбук по повод измените на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце.
„ Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу.
Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце? Ваква злоупотреба на сѐ “европско” ќе влезе во учебници!
Измените се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела.
Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност.“, напипша тој.