18 Декември, 2025
0.0944

Ќе му пресуди ли новиот закон за енергетика на Димитар Петров?

Објавено во: Економија 21 Мај, 2018 12:50

Добивај вести на Viber

Во собраниска процедура е новиот предлог Закон за енергетика кој нормира дека професионалци мора да го водат регулаторното тело што го регулира целиот енергетски бизнис во земјава

Ќе остави ли простор новиот закон за енергетика, што е во собраниска процедура, за смена на Димитар Петров, актуелниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)? Ова е една од новините што ги носи новиот Закон, а во кој врз основа на европските регулативи се инсистира претседателот на РКЕ да биде лице кое што освен експерт мора да биде и независно од какви и да е партиски влијанија.
Општо познато е дека своевремено пред да стане член и претседател на РКЕ Петров бил општински функционер на тогаш владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Кратово. Тој во 2008 година бил потпретседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово.

Независноста на РКЕ е дел од европските директиви, и тоа посебно станува актуелно сега со донесувањето на новиот закон за енергетика, којшто исто така е направен во согласност со европските насоки. И токму новиот закон за енергетика, којшто е усвоен на владина седница и кој чека на Собрание да биде изгласан, покрај независноста на телото што произлегува од луѓето што го водат налага и промена на комесарите со цел да се задржи професионалноста и експертското ниво во работата. Декларативно новиот предлог закон за енергетика нормира е во ова тело да седнат независни професионалци и експерти кои доследно ќе ја спроведуваат енергетската политика.

Моментално РКЕ работи во состав од пет членови од кои Димитар Петров е претседател, а членови се Светлана Јаневска, Енвер Ељмази, Панче Орцев и Куштрим Рамадани.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје