18 Декември, 2025
0.0424

ЌЕ МУ „СВЕТНЕ“ ЛИ КОНЕЧНО НА ДРЖАВНИОТ ЗАГУБАР - можна ли е годинава позитива во ГТЦ, еве што кажуваат првите шест месеци

Објавено во: Економија 04 Август, 2023 08:20

Добивај вести на Viber

По три години драматични загуби, кои надминуваа по половина милион евра, за кои се јави да ги коментира од Будимпешта дури и поранешниот премиер, Никола Груевски, има ли конечно надеж за Градскиот трговски центар оваа година да ја заврши во зоната на позитивата.

Бројките за првото полугодие од годинава се охрабрувачки, а тие говорат дека ГТЦ за шест месеци остварил профит, иако е факт дека неговото профитабилно работење многу оправдано може да се нарече повеќе од скромно.

Односно, во првите шест месеци од годинава Градскиот трговски центар остварил нето добивка од над 89 илјади евра, што само по себе како бројка не е воопшто висока, особено за еден таков голем шопинг центар од калибарот на ГТЦ, но е многу битно од аспект што оваа добивка доаѓа, а да се надеваме и дека ќе се одржи до крајот на годината, по три години во кои ГТЦ работеше со длабоко негативен финансиски резултат.

Или, ланската 2022 година ГТЦ ја завршил со загуба од 647 илјади евра, додека, пак, една година претходно финансискиот резултат исто така беше негативен, и беше на сума од 581 илјади евра, што следувало после исто така страшно загубарската 2020 година, во која негативата тежела 661 илјади евра.

Оваа година, барем во првите шест месеци се јавува зрак на надеж, бидејќи ова државно акционерско друштво биле профитабилно со 89 илјади евра. Иако, радоста ја заматува фактот што добивката за првите три месеци била поголема и изнесувала 130 илјади евра, што, пак, значи дека во вториот квартал повторно се работело со загуба, од причина што токму таа загуба ја намалила добивката остварена во првиот квартал.

Исто така, треба да се има предвид дека ГТЦ и лани работел со добивка во првите шест месеци од годинава, но таа била помала и изнесувала 38 илјади евра. Што значи дека во годинашново прво полугодие таа е значително зголемена, односно за дури 135 отсто.

Да видиме на што се должи добивката во првите шест месеци.

Во периодот од јануари заклучно со крајот на јуни, ГТЦ остварил оперативни приходи од 1,94 милиони евра, и тие најмногу се должат на приходите од продажба на домашен пазар, што всушност е наплатата на закупнините од издадените дуќани, или тие се остварени на сума од 1,93 милиони евра, и кај нив зголемувањето е за шест проценти во однос на истиот перипод лани.  

Додека, пак, оперсативните расходи биле на ниво од 1,86 милиони евра, што е раст за три проценти.

Најголем пораст на расходната страна има кај услугите со карактер на материјални трошоци, или тие се 1,05 милиони евра, и кај нив зголемувањето е за 63 проценти.

Трошоците за вработените се 801 илјадуи евра, и тие се на исто ниво како лани, односно се намалени за само еден отсто во однос на ланскиот шестмесечен период.

Всушност, прекинувањето на негативниот тренд, како што веќе пишуваше Фактор, а што се однесуваше на првиот квартал од годинава, се должеше токму на кратењето на трошоците за вработените за 34 проценти.

Инаку, покрај кор бизнисот, треба да се спомене дека лошо е што финансиските приходи на ГТЦ во првите шест месзеци се намалени за 29 отсто, додека, пак, финансиските расходи, каде влегуваат трошоците за камати и за курсни разлики, се зголемени за 26 проценти.

Во своето образложение испратено до Берзата, од ГТЦ најавуваат дека за оваа година, целта им е да ја завршат со добивка.

„Целта на нашето работење е да оствариме позитивни резултати во наредниот период за тековната 2023 година,со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кои располага нашето друштво“, се вели во објавата од раководството на државно поседуваното акционерско друштво.

Практично, сега токму на нив останува да го задржат овој позитивен ветер и конечно да завршат во зоната на позитивата, и да се обидат никако да не ги повторат лошите бројки од претходните три години.

Како што веќе пишуваше Фактор, ланската загува од 646 илјади евра, има извор на пари од каде ќе се покрие во најголем дел, а тоа се статутарните резерви на друштвото. Имено, најголем дел од оваа загуба, односно 600 илјади евра, ќе се покријат од статутарните резерви, додека, пак, близу 46 илјади евра од ланската загуба ќе остане непокриена и ќе остане за покривање за наредниот период.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?