23 Април, 2024
0.0271

ЛОШАТА ВЕСТ Е ЗАГУБАТА, „ДОБРАТА“ Е ШТО ИМА ПАРИ ОД КАДЕ ДА СЕ ПОКРИЕ - еве како ГТЦ ќе го „пегла“ минусот од минатата година

Објавено во: Економија 26 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Лошата вест е што за лани имале загуба од 646 илјади евра, а добрата вест, ако воопшто може да се зборува за тоа во случајов, е дека имаат од каде да го покријат најголемиот дел од направениот негативен финансиски резултат.

Станува збор за акционерското друштво во државна сопственост, Градски трговски центар, кое минатата година ја заврши со загуба од близу 40 милиони денари, или 646 илјади евра, резултат за кој веќе пишуваше редакцијата Фактор.

ГТЦ, како што стои во нивните официјални документи, имаат извор од каде да го покријат најголемиот дел од нивната загуба, а тоа се нивните статутарни резерви.

Државната компанија вчера преку Берзата упати јавен повик до сите свои акционери, за присуство на годишното Собрание на акционери, кое ќе се одржи на крајот на наредниот месец, или прецизно, на 28 јуни оваа година. На тоа Собрание, меѓу другото, треба да се донесе одлука и за покривање на загубата од минатата година.

Според предлогот кој го дава раководството на компанијата, а за кој би требало да гласаат акционерите на Собранието, најголем дел од оваа загуба, односно 600 илјади евра, ќе се покријат од статутарните резерви, додека, пак, близу 46 илјади евра од ланската загуба ќе остане непокриена и ќе остане за покривање за наредниот период.

Еве што напишале во предлог одлуката за покривање на загубата од ГТЦ.

„Градски Трговски Центар А.Д. - Скопје има остварено загуба во 2022 година во износ од 39.757.610,50 денари. Загубата на Друштвото искажана во билансот на успехот за 2022 година ќе биде делумно покриена и тоа од статутарни резерви во износ од 36.937.170,50  денари. Остатокот од загубата во износ од 2.820.440,00 денари, останува непокриена, и ќе се покрие...“, се вели во предлог Одлуката.

Како што веќе пишуваше Фактор, а и како што во моментов стои на веб страницата на ГТЦ, извршен директор и извршен член на Одборот на директори на ова акционерско друштво, е Ѓоко Трајчевски, а во менаџментот влегуваат и Бранко Цветановски, Трајанка Тасевска и Стојан Станиславски.

За претстојното Собрание на акционери се предвидува да се одобри нивната работа.

Покрај за овие четворица менаџери, како предлог одлуки на Собранието на акционери се даваат и за одобрување на работата на уште двајца други директори, и тоа на Шеваљ Цеку, како член на Одборот на директори на ГТЦ, како и работата на Насер Алиу, исто како член на Одборот на директори на ГТЦ.

Инаку, за ревизија за работењето на ГТЦ повторно се предлага да се избере друштвото КРЕСТОН МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје.

Акционерите ќе треба да гласаат и за одобрување на Годишниот извештај за работата на ГТЦ за минатата година, подготвен од компанијата, како и за ревизорскиот извештај, подготвен од независното ревизорско друштво.

Она што паѓа во очи кога ќе се прочитаат Годишниот и ревизорскиот извештај, е дека во првиот, од ГТЦ навеле дека минатата година ја завршиле со 205 вработени, што, како што пишуваат во извештајот, е намалување во однос на 220 вработени од претходната 2021 година. Притоа, од самиот ГТЦ признаваат дека се уште имаат превработеност во одредени сектори, како и дека тоа влијае на трошоците на работењето, а со тоа и на резултатот. Додека, пак, во ревизорскиот извештај се наведува дека бројот на вработени лани бил 250 лица, наспроти 2021 година, кога изнесувал 221 лице. Очигледно во овие презентации двете страни ќе мора да направат усогласување.

Инаку, Фактор веќе пишуваше дека некогашниот симбол на скопското модерно живеење, Градскиот трговски центар, според Билансот на успех, и лани работел со загуба, и тоа зголемена за 11 проценти во однос на претходната година. Имено, минатата година Градскиот трговски центар остварил „минус“ од 646 илјади евра, што е за 11 проценти повеќе од загубата прикажана во 2021 година, која била 581 илјади евра.

Што е причината за ланската загуба на ГТЦ? Компанијата едноставно направила поголеми расходи во однос на приходите, па тоа пресудило за негативниот финансиски резултат. Според тој Биланс, пак, трошоците за вработените лани останале целосно идентични со оние од 2021 година и тие биле на ниво од 1,68 милиони евра.

Од компанијата тогаш во своето образложение нагласија дека во иднина нивна главна цел е да работат со добивки, а тоа важи и за оваа година, и дека за тоа ќе има „максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кои располага нашето друштво“.

И, што е за пофалба, на менаџментот тоа од стартот на годинава по се изгледа и му успеа, барем за првите три месеци. Имено, како што исто така објави Фактор, ГТЦ во првиот квартал од годинава оствари добивка од 130 илјади евра. Во услови кога во ГТЦ има дуќани „кои зјаат празни“ менаџментот успеал да ја консолидира состојбата, да ги оптимизира ресурсите и да ги намали трошоците за 8 отсто односно за 75.000 евра во споредба со истиот квартал лани. И притоа успеал да ги зголеми приходите за 5 отсто. За првите три месеци ГТЦ успеа на ја надмине психолошката бариера и оствари приход што надмина еден милион евра. 

За своите вработени друштвото исплатило 265.000 евра што е за 34 отсто помалку од истиот период лани. Ова значи дека ГТЦ клучната разлика ја направил со кастрење на трошоците за вработените. Тоа може да значи три работи: едната е намалување на платите за целиот колектив, другата е намалување на бројот на вработени и трета е комбинација од двете претходни варијанти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска