ЌЕ НЕМА ДИЗЕЛ, НОВА ЗАКАНА ЗА СВЕТОТ? Најголемата европска рафинерија е во дефект, а ова се погнозите за наредните месеци
Објавено во: Економија 26 Септември, 2023
Цените на суровата нафта на светските берзи растат од крајот
на јуни кога се тргуваше по цена од 70 до 75 долари за барел. Повеќето аналитичари сметаат дека цената
ќе надмине 100 долари за барел до крајот на годината, а тоа би можело да ја
искомплицира ситуацијата со инфлацијата во ЕУ и во САД.
Состојбата со дизелот е уште полоша, пишува Index.hr. Притоа, се наведува дека има изгледи за недостиг на светско ниво, а цената на дизелот со месеци расте побрзо од цената на суровата нафта.
Поскапувањето на дизелот не само што ги погодува сопствениците на приватни возила, туку се прелева и во целата економија.
Недостигот на дизел веќе се чувствува во целиот свет, преку поскапувањето на тој вид гориво. На пазарот има недостиг од неколку десетици милиони барели и покрај забавувањето на индустриската активност во Кина и ЕУ.
Всушност, производството сè уште не се вратило на нивоата пред пандемијата. Русија реши да ја искористи ситуацијата и драстично го намали извозот на таа енергија. Иако ова првенствено се однесува на кинескиот пазар, бидејќи САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија, дефицитот поради послабиот увоз од Русија мора да се компензира со увоз од други делови на светот.
Инаку, Кина е голем увозник на сурова нафта од Русија, но и на нафтени деривати како што е дизелот. Извозот на Русија во првите 20 дена од септември е за 30 отсто помал во однос на истиот број денови во август.
Истовремено, Кремљ во четвртокот отворено објави дека воведува рестрикции за извозот на дизелот, со цел да се стабилизираат цените на горивата на домашниот пазар. Најавено е дека оваа забрана ќе биде привремена, но не се знае кога ќе биде укината.
Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан се изземени од оваа забрана, но не и Кина.
Целно намалување на производството на сурова нафта
Цените на дизелот и другите деривати на сурова нафта растат и поради намалувањето на производството на сурова нафта што го спроведуваат Саудиска Арабија и земјите од ОПЕК, меѓународната организација на земјите извознички на нафта.
Дополнителна причина е недостатокот на рафинерски капацитет во светот, проблем што постои уште од пандемијата.
Имено, намалувањето на производството на сурова нафта од страна на големите извозници од Блискиот Исток има поголемо влијание на пазарот на дизел отколку на пазарите на другите нафтени деривати, бидејќи нивната „потешка“ сурова нафта произведува поголем дел од дизелот за време на рафинирањето. Саудиска Арабија го намали производството на сурова нафта за 1 милион барели дневно и најави дека нема да го зголеми барем до почетокот на 2024 година. Истовремено, Русија најави дека ќе го намали извозот за 300.000 барели дневно, што исто така ќе се спроведува до почетокот на следната година.
ЕУ престана да увезува руски дизел, а најголемата рафинерија во Европа не е во функција
Пред војната во Украина, ЕУ произведуваше најголем дел од дизелот за сопствена потрошувачка од руската сурова нафта во своите рафинерии. Но, таа беше и голем увозник на дизел од Русија, со учество на таа земја од повеќе од 60 отсто во вкупниот увоз на ЕУ.
Само во февруари 2023 година ЕУ забрани увоз на дизел од Русија. Дотогаш уделот на Русија во вкупниот увоз на дизел беше повеќе од 40 отсто, а во годините пред војната во Украина повеќе од 60 отсто. Оттогаш, официјално, дизелот повеќе не се увезува од Русија, туку е заменет со увоз од Блискиот Исток и САД. Во суштина, САД извезуваат во просек по 200.000 барели дизел дневно од мај оваа година, а производството во самите САД е за 200.000 барели помалку од 2019 година. Ова е алармантна ситуација, која сè уште не станала проблем, единствено поради помалата потрошувачка на дизел во ЕУ во 2023 година
Инаку, целата ситуација во ЕУ беше отежната со затворањето на најголемата рафинерија во Ротердам. Во сопственост на Шел, таа обработува повеќе од 400.000 барели сурова нафта дневно.
фото: EPA-EFE/SERGIO ORDUNEZ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.