„ЌЕ НИ СЕ НАМАЛИ ПЛАТАТА“, МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ГАК СЕ ОБРАТИЈА ДО ФАКТОР: Од клиниката уверуваат дека нема намалување, ова се сите детали
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2023
Медицински кадар од
Клиниката за гинекологија и акушерство реагира на последното решение во однос
на нивните месечни примања. Имено, болничарки и медицински сестри кои
инсистираат да останат анонимни за Фактор велат дека според последното решение
нивните коефициенти се пониски и согласно тоа, ќе имаат пониски плати.
-Само што ги добивме новите решенија. Мојот коефициент од 310 сега е понизок. Навистина не знам како мислат да не задржат на работа ако вака се постапува. Секојдневно си заминуваат од Клиниката, работа има премногу, а примањата не ги задоволуваат ниту основните потреби. Бараме разјаснувања, многу работи не ни се јасни, велат тие за Фактор.
Фактор побара одговори од директорката на ГАК, Викторија Јовановска, која секако потврди дека се соочуваат со недостиг на медицински кадар, но истовремено нагласува дека новите решенија воопшто не се во насока на намалување на платите на вработените.
-Недостигот на медицински кадар е сериозен проблем со кој се соочуваме. Не е тајна дека си заминуваат од клиникава. Токму затоа не станува збор за никакво намалување на платите, тоа би довело да останеме буквално без персонал, нагласува директорката Јовановска, која прилоши и детали од последното решение.
Согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор објавен во Службен весник на РСМ бр.154/23 од 20.07.2023 година, член 5, став 1 и 2, гласи : „Со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група, односно на ниво на работодавач и со договор за вработување или решение, можат да се утврдат поповолни права од правата утврдени со закон и колективен договор, ако тоа не е во спротивност со закон и овој колективен договор. Со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група, односно на ниво на работодавач и со договор за вработување или решение, не можат да се определат понеповолни права од правата утврдени со закон и колективен договор, а ако се определени, тие одредби се сметаат за ништовни и се применуваат одредбите од овој колективен договор и од закон”.
Во врска со донесениот Општ колективен договор за јавниот сектор, а согласно член 4 од истиот стои „овој колективен договор се применува непосредно и е задолжителен за работодавачот и работниците во јавниот сектор‘‘. Исто така, согласно член 16 од Општиот колективен договор за јавниот сектор во делот за додатоци на плата, став 2, 3 и 4, основната бруто плата на работникот се зголемува по час за:
-прекувремена работа 35%
-работа во смени 5%
-работа во недела 50%
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со Закон, работникот има право на надомест на плата што му припаѓа во тие денови кога не работи и плата за поминатите часови на работа, зголемена за 50%. Додатоците меѓусебно не се исклучуваат. Правото на зголемена плата по основ на работа во смени работникот го остварува само за деновите кога работи во смени организирани со периодично менување во рамките на вкупните 24 часа.
Согласно Поединечниот колективен договор, додатокот на плата за прекувремената работа е утврден со 29 %, работата во смени со 4%, а работата во празник со 42%.
-Според ова, информираме дека работникот не е оштетен во ниту еден случај, туку се применуваат неговите поповолните права.
Истовремено директорката Јовановска го истакна и административниот проблем при примање на новиот кадар и цврсто стои на ставот дека тоа треба да се олесни.
-За да примиме некој нов, процедурата е многу сложена. Бараме одобрувања од повеќе надлежни институции, а нам вработен ни треба веднаш. Се надеваме дека наскоро со измените на законот и ова ќе го надминеме, вели Јовановска.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.