20 Јануари, 2025
0.0291

„Ќе реагира ли МПЦ за носење икони на митинг“! Какви нерегуларности пријавуваат граѓаните за изборите?

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Фантомски гласачи, притисок врз администрацијата, проблеми со избирачкиот список, поткуп. Со овие проблеми се соочуваат најголем дел од граѓаните пред претстојните парламентарни избори на 11 декември.

Фактор провери какви претставки и дојави стасале на адресата на невладината организација МОСТ, на интернет апликацијата „Нерегуларности“ , која неодамна беше отворена за да можат гласачите да пријават било каков проблем со кој се соочуваат во остварувањето на своето избирачко право.

„Директорката во градинка во Радовиш ги ослободува од работа вработените да одат на митинг. Вработен во градинката као стручен соработник ја користи службената кола за приватни работи“, е една од нерегуларностите која анонимно е доставена до МОСТ.

„Активисти на ВМРО ДПМНЕ од општина Пробиштип, оделе од куќа на куќа и ветувале вработување“, пријавил друг граѓанин.

Или пак имало и директиви да се митингува - „Во Штип директорите ги терале вработените да одат на митинг ВМРО во Охрид“.

Дел од дојавите не се проверени или потврдени, но има и такви кои се докажале како веродостојни. Таков е примерот со вработени од една државна институција кои биле принудени да работат на Денот на дрвото минатата недела.

Фантомите непобедливи

Граѓанин се пожалил дека во Велес, на улицата „Благој Ѓорев“, на две адреси во избирачкиот список се заведени 40 луѓе.

Еден граѓанин до МОСТ се пожалил со зборовите: „Има уште еден што „живее“ со мене. Списокот не е прочистен“, укажувајќи дека дома има фантом.

„При проверка по адреса, забележувам дека три непознати лица се водат како гласачи на ул. Браќа Ѓиноски број ***, која е моја домашна адреса на живеење. Се работи за три лица со презиме Ѓорѓиоски, кои никој од нас не ги познава, а уште помалку живеат на оваа адреса“, со ваков проблем се обратил до МОСТ жител на гостиварското селоДолна Бањица.

Избирачкиот список полн со натрапници

Голем дел од граѓаните се жалат дека и покрај тоа што се обратиле до ДИК, до МВР, сепак проблемот со пропусти во Избирачкиот список не е решен.

Еве дел од пријавите кои стасале до МОСТ, на интернет апликацијата „Нерегуларности“.

„Во избирачкиот список постои непознат човек на нашата адреса. Се обративме во ДИК во Прилеп, тие не препратија во МВР. Таму го најдоа човекот кој повеќе од 30 години не живее во Прилеп, ниту во Македонија, а пред неколку години му е издадена лична карта на наша адреса -никој не знае како!!!“, зачуден е еден прилепчанец.

„И покрај пријавата во сите можни инстанци, пак на моја адреса се регистрирани фантомски гласач и жители на Австралија. Фактички, сите четворица се фантомски, бидејќи 3-ца од нив нема да гласаат тука туку се регистрирани како гласачи од дијаспората.Четири фиктивни гласачи има на моја адреса! Кај да пријавам сега, да тужам треба некој до ДИК?“

„Во викенд кука во Охрид, ул.Јане Сандански бр.***, сопственост моја и на мојата сестра пријавени се непознати лица. Прв пат за ова дознав при личниот увид од април 2016 и беа вкупно 6 лица (ги пријавив на ДИК), а во увидот од ноември 2016 од 6-те останаа „само“ три лица (ги пријавив во СВР Охрид). Избришаните три лица ги префрлиле на иста улица но сега се на бр.***. Напоменувам дека никој до сега за овие 40 години не бил пријавен за жител во куката“, укажал граѓанин кој има викендица цо Охрид.

Исто така пријавено е дека во скопското село Мралино на списокот фигурираат петнаесетина гласачи кои не живеат во селото, а оваа пријава е проверена и е утврдено дека е точна.

Дрва за глас

Од Македонски Брод стасала дојава дека директор на ЈП „Македонски шуми“, давал бесплатно дрва за ограв, за граѓаните да гласале за ВМРО. За дрвата давате испратници, со цел се да било „легално“.

Г.Г. Стефан да реагира за икони на митинзите

Освен за фантоми и притисоци има и граѓани кои во МОСТ пријавуваат и за активности кои се дел од изборните кампањи, но сепак ним им пречат. Така, еден граѓанин укажал на носењето на икони на митинг.

„Дали има реакција од Синодот за ваквата ситуација“, е неговото прашање.

J.M.

Можеби ќе ве интересира

Пожар избувна во старечки дом во Кавадарци

Пожар избувна во старечки дом во Кавадарци

ЗА ПРВ ПАТ ПРЕМИЕР НА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ПОКАНЕТ И ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Успех за македонската дипломатија, вели Милошоски

ЗА ПРВ ПАТ ПРЕМИЕР НА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ПОКАНЕТ И ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Успех за македонската дипломатија, вели Милошоски

Кривичен суд: Притвор за Раде Трајковски - Штекли и за уште деветмина

Кривичен суд: Притвор за Раде Трајковски - Штекли и за уште деветмина

ТУРСКИ ТУРИСТИ СЕ ИЗГУБИЛЕ КАЈ МАТКА: Се ангажирал чамец за да се спасат

ТУРСКИ ТУРИСТИ СЕ ИЗГУБИЛЕ КАЈ МАТКА: Се ангажирал чамец за да се спасат

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАТОТ ОД ПАНТЕЛЕЈМОН ДО СРЕДНО ВОДНО: Неколку возила заглавија во снегот вчера

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАТОТ ОД ПАНТЕЛЕЈМОН ДО СРЕДНО ВОДНО: Неколку возила заглавија во снегот вчера

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Што велат психолозите, треба ли луѓето да се тестираат дали се спремни за родители?

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Што велат психолозите, треба ли луѓето да се тестираат дали се спремни за родители?

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ПОРАСТ, ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НАВРЕМЕ: Постои ли зголемен ризик од ширење на сезонскиот вирус

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ПОРАСТ, ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НАВРЕМЕ: Постои ли зголемен ризик од ширење на сезонскиот вирус

„РАЗБИРАМ ВЕРНИЧКА, РАЗБИРАМ ТРАДИЦИИ, АМА СЕКОЈ БОЖЈИ ПРАЗНИК СО/ДО ПОГЛАВАРОТ ДА БИДЕШ?“ Ванковска за Силјановска Давкова и вчерашното одбележување на Водици

„РАЗБИРАМ ВЕРНИЧКА, РАЗБИРАМ ТРАДИЦИИ, АМА СЕКОЈ БОЖЈИ ПРАЗНИК СО/ДО ПОГЛАВАРОТ ДА БИДЕШ?“ Ванковска за Силјановска Давкова и вчерашното одбележување на Водици

„ДОБРО УТРО ОД ВАШИНГТОН“: Муцунски со селфи ја поздрави Македонија од САД

„ДОБРО УТРО ОД ВАШИНГТОН“: Муцунски со селфи ја поздрави Македонија од САД