19 Декември, 2025
0.0558

ЌЕ РИПНЕ ТЕМПЕРАТУРАТА, АМА НЕМА КУРТУЛ ОД ВЕТРОТ И ДОЖДОТ: Еве какво време не очекува утре и во среда

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 10:17

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски со метео детали за следните неколку дена.
„Во Македонија под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, од вторник кон крајот на денот и навечер, па во деновите потоа облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд. Повремено и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

До крајот на неделава локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). Поради порастот на температурите  и породорт на потопол воздух од југ повремени врнежи од снег ќе има само на највисоките планински места во Македонија (над 2000 метри надморска височина, но сепак снежната граница особено во текот на ноќта кон среда ќе се спушти под 2000 метри, особено во северните предели.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, односно ќе има нови врнежи од дожд во текот на ноќта вторник кон среда и во среда.

Инаку во следните денови минималните температури ќе бидат над нулата, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, а во најтоплите југоисточни предели температурата повремено ќе се искачува и до 15 степени.

Кон крајот на овој месец, а особено во почетокот на декември и во Македонија е на повидок продор на поларен воздух од север кој ќе услови големо заладување на времето и снег. Состојбата будно ја следиме и за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани.“ објави тој.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината