ЌЕ СЕ ГОНИ МАЈКАТА КОЈА ГО ЗАПУШТИ И МАЛТРЕТИРАШЕ ДЕВОЈЧЕТО - детенцето заврши во болница во тешка состојба
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2024 10:35
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 од Кривичниот законик.
Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.01.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје.
Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




