ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИМЕ ОД БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ: Неофицијално денеска има помалку и од вчера, базените се отвораат и за рекреaтивци
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020 11:23
Денеска бројот на
новозаразени со корона вирусот е помал и од вчерашниот, велат извори од
Комисијата за зарзни болести, нагласувајќи дека резултатите се неофицијални. Во
Скопје, кој се уште се смета за главно жариште на епидемијата со Ковид, денеска
се регистрирани само 18 новоинфицирани во Центарот за јавно здравје, за разлика
од вчера кога имаше 26. Се чекаат резултати и од останатите лаборатории, но, од
Комисијата не очекуваат драстично поголеми бројки.
По падот на епидемиолошката крива, Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на вратите на базените и за рекреативно пливање, не само за спортските клубови.
-Сметаме дека конечно може да бидат отворени базените и за рекреативно користење, но секако со максимално почитување на протоколите и мерките за заштита. Препорака дадовме и за користење на плажите, но истовремено сметаме дека во случај да се прекршуваат воспоставените безбедносни мерки, мора да има казнувања, што е работа првенствено на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на МВР, појаснуваат за Фактор од Комисијата за заразни болести.
Оттаму велат дека се уште не даваат препорака за отворање на Аквапарковите, каде што има голема фреквенција на граѓани кои при такви летни активности едноставно не може да одржуваат да го одржуваат потребното безбедно растојание, доволно, за да не се дозволи ширење на вирусот.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




