Ќе се лечат ли заболените со лек за маларија и Сумамед: Состанок денеска
Објавено во: Македонија 23 Март, 2020 06:32
Комисијата за заразни болести денеска ќе дискутира за протоколот кој впрочем е во фаза на изготвување за комбинацијата на лекови утврден во некои земји која покажува добри резултати во лекувањето на Ковид - 19. Станува збор за лекување со лек против маларија во комбинација со антибиотик.
Министерот Венко Филипче рече вчера дека Македонија го има антибиотикот, но дека формата на лекови против маларија во овој момент ја нема.
„Но преку интензивна комуникација минативе денови се надевам дека имаме шанси да добиеме од таа количина на лекови“, рече Филипче.
Француска студија потврди дека со комбинација на лековите за маларија и антибиотикот азитомицин или познат како Сумамед во овој регион, се постигнуваат одлични ефекти во лечењето на заболените од коронавирус.
Азитромицин е антибиотик наменет за инфекции на дишните патишта и меките ткива. За оваа комбинација на лекови и американскиот претседател Доналд Трамп рече дека се покажало оти има добри ефекти.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




