ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ ФАКТУРИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: Еве која категорија граѓани ќе добијат финансиско олеснување
Објавено во: Финансии 21 Јули, 2025 11:34
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и решенија за стекнување финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кои згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство.
Решенија се дел од мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за потрошена електрична енергија. Како што наведува Министерството, мерките се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи.
-Согласно протоколот потпишан со ЕВН Хоме на месечна основа, најдоцна до 5-ти во месецот, контакт лицата од МЕРМС до контакт лицата од ЕВН доставуваат листи на корисници на кои треба да им се намалат фактурите за потрошена електрична енергија за актуелниот месец согласно Програмата, соопшти Министерството.
Појаснува дека листите ги доставуваат до контакт лицата, во електронска форма, на електронската адреса: kontakt_ranlivi@evn.mk
Секоја од листите треба да биде во Excel формат (.xls / .xlsx) и да содржи: Број на донесено Решение од Министерството; Број на корисник од базата на ЕВН Хоме; Број на место на потрошувачка и Износ на директна финансиска поддршка.
По доставување на листите, а најдоцна во рок од три работни дена, Министерството врши уплата на вкупниот износ на директна финансиска поддршка за тој месец на ЕВН Хоме. Информација за налогот за исплата ќе се достави на мејлот: kontakt_ranlivi@evn.mk
ЕВН Хоме на месечно ниво, најдоцна три дена од датумот на реализираната на корисниците од листата им го одобрува дефинираниот износ на директна финансиска поддршка, и го евидентира како претплата на бројот на корисник.
како што наведува Министерството, претплатата ќе биде видлива во евиденцијата на ЕВН Хоме и ќе биде употребена за намалување на износот за плаќање на следната фактура за потрошена електрична енергија. Намалувањето ќе биде прикажано како „Износ во претплата“ во фактурата.
Доколку износот во претплата е поголем од вкупниот износ за плаќање на фактурата, преостанатиот износ во претплата по основ на директна финансиска поддршка ќе биде употребен за намалување на износот за плаќање на следните фактури, сè до целосно исцрпување.
По евидентирање на претплатите на броевите на корисниците, ЕВН Хоме до контакт лицата од МЕРМС на мејл адресите доставува вкупен Извештај на евидентирани претплати за сите категории на корисници од овој Јавен оглас.
-Со оваа иницијатива, институциите го потврдуваат својот ангажман во насока на создавање социјално одговорно општество и обезбедување поддршка таму каде што е најпотребна. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи активно да работи на реализација на програмите кои го олеснуваат пристапот до енергија за ранливите категории, во партнерство со сите релевантни чинители, се наведува во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани




