ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ ЛИ ДЕНОВИТЕ НА ИЗОЛАЦИЈА ПО ПРЕЛЕЖАНА КОРОНА: Нови сознанија за Ковид-19
Објавено во: Македонија 17 Август, 2020
Во текот на оваа
недела Комисијата за заразни болести ќе го стави на дневен ред прашањето за
промена на алгоритмот за корона вирусот, односно ќе разговараат за евентуално
намалување на деновите што треба да се минат во изолација откако пациентите ќе
го прележат заболувањето. За Фактор појаснуваат дека веќе сега, во август имаат
сосема нови сознанија за Ковид-19 кои претходно, односно до јун,-јули не ги
знаеле, зааради што можено е пациентите откако ќе ја прележат болеста да не
мора толку долго да бидат во изолација.
- По ова прашање ќе дискутираме во текот на неделава. Во постојан контакт сме со Светската здравствена организација и со други релевантни институции кои се целосно посветени на ова. Имаме научни сознанија за корона вирусот кои претходно не ги знаевме, а тоа е дека тестовите на пациентите и по прележана болест може да покажат дека се позитивни само заради тоа што во организмот се уште остануваат мртви клетки од вирусот кои тестовите ги детектираат, но тие се сосема здрави и не се ризик за ширење на Ковид-19. Не е во ред пациентите да остануваат во изолација се додека тестовите се негативни, а имаме случаи кога дури и по неколку тестирања, тие мора да останат дома зошто ПЦР тестовите се позитивни, вели за Фактор епидемиологот д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за здравство и директор на Центарот за јавно здравје.
Д-р. Стојанов вели дека уште неколку пати сепак се ќе треба убаво да се изанализира за да се донесе одлука. Напоменува дека се зависи од случај до случај. Некои пациенти многу лесно го минуваат заболувањето, додека други имаат тешка клиничка слика, поради што и откако ќе се излечат остануваат позитивни.
-Кај оние пациенти кои долго време се бореле со болеста, ПЦР тестовите и понатаму откриваат остатоци од вирусот, но тоа не значи дека тие и понатаму се заразни за другите. Затоа време е да поразговараме за промена на алгоритмот, односно да одлучиме дали ќе ги намалиме деновите кои тие треба да ги поминат во изолација. Следиме искуства и од странство, целосно ја следиме ситуацијата во земјава, па ќе видиме како ќе постапиме по ова прашање, истакнува д-р. Стојанов.
На оваа тема Фактор пишуваше и претходно, па во нашиот разговор со еден од врвните микробиолози во Македонија, д-р. Никола Пановски, ни беше потенцирано дека многу ретко, по деветиот ден од инфицирањето, кај пациентите може да се најде жив вирус, кој е всушност реалната опасност за понатамошно ширење на заразата. Тој особено потенцираше дека и по две недели и по еден месец, па и подолго, вирусот може да остане во грлото и во ждрелото од каде се зема брис за анализа, што укажува дека е потребно подолго време за да се изгуби целосно, но и според него, станува збор за мртви остатоци од вирусот кои не се закана за понатамошно ширење.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.