Ќе се објават мерки за заштита на Охрид
Објавено во: Македонија 05 Март, 2019 14:18
Според барањата на собраниската комисија, Министерството за култура најави дека 22 препораки за заштита на Охридскиот регион ќе се објават в петок, додека се носи новиот закон за заштита на културното наследство.
"Во однос на прашањето зошто измените на Предлог-Законот за културата се уште не се влезени во собраниска процедура, ве известуваме дека нацрт-законот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион е во владина процедура, а по одобрение од Владата на Република Северна Македонија ќе биде доставен до Собранието ", соопштија од Министерството за култура.
Во однос на постапката за спроведување на 22 препораки за развој и заштита на културното наследство на Охридскиот регион, Министерството за култура, одби да даде информации.
"За спроведувањето на препораките и заклучоците на Комисијата за култура на Собранието министерот за култура имаше свое обраќање. Инаку во петокот (8 март 2019 година) се најавува состанок на Комисијата за култура во Собранието на оваа тема, а за што дополнително ќе биде информирана јавноста ", велат од Министерството за култура.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




