Ќе се олеснат процедурите за патување во ЕУ
Објавено во: Свет, Корона Вирус 31 Мај, 2021 21:29
Европската Комисија попладнево даде предлози до земјите членки на ЕУ за да се поедностават процедурите за патување за време на туристичката сезона летово, јави дописничката на МИА од Брисел.
Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, од прес салата во Брисел порача дека е важно земјите членки да заземат координиран пристап, во што Европската Комисија е подготвена да помогне.
Конкретно, европската извршната власт препорачува земјите членки да укинат секакви рестрикции за лицата кои се целосно вакцинирани или кои имаат доказ дека прележале Ковид-19.
Целосно вакцинирано лице е лице кое ја примило последната доза пред 14 дена минимум.
За нецелосно вакцинирани граѓани, Европската Комисија смета дека мерките за патување треба да бидат адаптирани.
За лицата кои доаѓаат од зелена зона, односно со лесна епидемиолошка состојба, не треба да има рестрикции. За лицата од портокалова зона треба да се побара само тест, додека за луѓето кои доаѓаат од црвена зона, Комисијата смета дека е во ред да се побара карантин освен доколку лицето пристигне на граница со негативен тест, направен непосредно пред патувањето.
Само за лицата кои доаѓаат од темно црвени зони, оние со најтешки епидемиолошки состојби, карантинот би требало да остане задолжителен.
Европската Комисија бара од земјите членки на ЕУ да не бара дополнителни информации и услови од граѓаните кои имаат ЕУ Ковид сертификат.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите





