05 Декември, 2025
0.3862

ЌЕ СЕ ОЗАКОНАТ БИЗНИС-АНГЕЛИТЕ: Добиваат даночни ослободувања, а има и сектори во кои нема да може да инвестираат

Објавено во: Економија 26 Август, 2025 09:40

Добивај вести на Viber

Бизнис-ангелите наскоро ќе добијат законска рамка која предвидува даночни олеснувања, а со цел да се поттикне нивното вложување во стартап компании и мали бизниси. Министерството за економија го предложи Законот за поттикнување на индивидуалните инвеститори – бизнис ангели, кој предвидува нови механизми за поддршка.

Според објаснувањето кое се најде на Електронскиот регистар на прописи, се оди кон овие олеснувања, бидејќи кај нас, улогата на бизнис-ангелите е маргинализирана, а не постои ниту законска рамка која ги дефинира нивните права и обврска, не постои заштита на нивните вложувања, ниту пак поддршка за нивното инвестирање во компаниите.

Законското решение предвидува индивидуалните инвеститори кои имаат решение за упис на инвестиција во регистарот на инвестиции на бизнис-ангели да имаат 50 отсто ослободување на данок на личен доход, а по основ на дивиденда остварена со учество во добивката на компанијата во која инвестирале, за период од пет години откако се стекнале со уделот. 

Предвидено е и целосно ослободување од данок на личен доход за капитална добивка, ако се продаде уделот до 100 илјади евра, или ослободување од 50 отсто ако добивката е над 100 илјади евра, само доколку бизнис-ангелот го продаде уделот три години откако се стекнал со истиот.

Бизнис-ангелите ќе имаат олеснувања и ако инвестираат во микро, мал или среден бизнис - Ќе мора да внимаваат дали фирмата е под стечај или ликвидирана, но и да нема поврзаност со бизнис-ангел пред настанување на инвестицијата. 

Бизнис-ангелот ќе може да има до 25 отсто од сопственоста на компанијата во која вложува, но ќе фигурира како содружник кој не смее да прима плата или други надоместоци од трговското друштво во кое е вложено, а бизнис-ангелот нема да смее ниту да биде управител.

Според документот, бизнис-ангелите нема да може да вложуваат во повеќе области, кои вклучуваат банки, осигурување, активности од финансиска област, активности со недвижнини (изнајмување, посредување, развој на недвижнини), алкохол, тутун, производство и продажба на јаглен и челик, изработка и продажба на оружје, но и консултантски услуги. 

Низ светот, бизнис-ангелите се веќе одамна препознаени како значаен извор на капитал за стартапи и новоосновани компании. Во Европа преку нив годишно се инвестираат неколку милијарди евра, а во САД тие се првата и најважна поддршка за десетици илјади стартапи секоја година.

А.Т.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното