Ќе се појави ли Јанева на расправата за извештајот на СЈО?
Седницата на Комисијата за политички систем треба да продолжи денеска во 13 часот, при што ќе се разгледува извештајот на СЈО за работа во текот на шест месеци.
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016
Претходно специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева одговараше на прашања на пратениците.
Синоќа седницата беше прекината откако на Јанева ѝ се слоши и мораше да го напушти Собранието.
Јанева преку соопштение се извини затоа што ја напуштила седницата поради влошената здравствена состојба. Од СЈО синоќа информираа дека побарале лекарска помош и дека здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор. Засега не се знае дали Јанева денеска ќе дојде во Собранието.
Во понеделник е закажана пленарна седница на чиј дневен ред е вториот извештај на СЈО.
На седницата на собраниската комисијата, освен за извештајот за работата на СЈО, треба да се расправа и за извештајот на Јавните обвинителства.