ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ПИСТАТА НА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ: Ќе се лета од 17.30 до 9 наутро
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2021 12:12
Тав планира да ја рехабилитира пистата на Меѓународниот аеродром во Скопје, информираат денеска од компанијата. Поради тоа, авиосообраќајот во овој временски период, ќе се случува од 17 часот и 30 минути попладне до 9 часот наутро.
Тоа, како што велат од ТАВ Македонија е дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонски аеродроми.
„Следната година, почнувајќи од 28-ми март 2022 до 16-ти мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром. За оваа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, во овој временски период, ќе се случува од 17 часот и 30 минути попладне до 9 часот наутро. Планирана во консултација со сите засегнати страни, рехабилитацијата на пистата ќе биде завршена без затворање на аеродромот и со минимално влијание на авиосообраќајот, велат од ТАВ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




