21 Јануари, 2025
0.0295

Ќе седне ли конечно Никола Груевски на обвинителна клупа?

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Денеска во 10 часот, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се очекува да дојде во Кривичниот суд во Скопје како првообвинет за насилните протести во општина Центар.

Првиот обид на Специјалното јавно обвинителство да го седне на обвинителна клупа Груевски беше неуспешен. Минатиот месец беше закажано првото рочиште, но на барање на адвокатот Никола Додевски на второобвинетиот, екс министерот Миле Јанакиески, беше одложено за после изборите.

Специјалното јавно обвинителство на 15 септември поднесе обвинителен предлог против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

СЈО: Мотивите се лукративни

Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.

Обвинението по куса постапка е поднесено врз база на прислушуваниот телефонски разговор на први јуни, 2013 во 20.57 часот меѓу, како што рекоа од СЈО, двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, но и врз база на 56-секунден разговор во кој е опфатен познат македонски бизнисмен, од кој произлегле цврсти докази дека насилствата биле нарачани да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови.

„Мотивите се лукративни! Тие се бизнис-интереси на поединци“, рече обвинителката Фетаи и соопшти дека за овој случај имаат бројни видеозаписи, 20 сведоци на настанот и други докази.

Според СЈО, цел на вандалските напади била бараката број 6, каде што се одржувала седницата на Советот на Општина. Толпата, која била организирана, тропала по бараката и по прозорците, а на советниците им упатувале закани и навреди. Насилниците делумно успеале во своите намери, бидејќи седницата била одложена за една недела, но тие повторно се собрале пред Општината и повторно со иста цел.

Јавната обвинителка Фетаи изјави дека насилниците ја скршиле металната врата на Општината, а потоа започнале да фрлаат со камења, јајца и домати во коишто биле ставани камења и дека с` им било доставувано со возило. Во напад едно лице се здобило со повреда во пределот на окото. Според обвинението на СЈО, нападот врз Општината, делумно, бил координирани со лица кои во тоа време биле во просториите на Општината.

Експремиерот Груевски во Судот не доаѓа ни како обвинет, ниту како сведок на СЈО. Тој досега се нема појавено на закажаните рочишта за случајот „Пуч“, каде е единствениот сведок кој го предложи обвинителката Катица Јанева.

М.Ј.

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски