23 Април, 2024
0.0275

Ќе стане ли Расадник во Кисела Вода дом на 20 000 нови жители

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Празниот простор кој во скопска Кисела Вода, поточно кај Расадник моментно зјае празен можеби наскоро ќе се пополни со нови стотина згради. 

Последните неколку денови преку социјалните мрежи, граѓаните на големо коментираат дека инвеститорите пикот на градење наскоро ќе го насочат токму на Кисела Вода а зградите ќе станат нов дом за околу 20 000 станари.

Ако поминете низ населбата, од просторот кај спортската сала „Расадник“ неминовно е да не го слушнете муабетот на жителите. Кој и да го прашате за што станува збор ќе ви каже дека спроти е вцртана седумкатница зграда со 100 стана.

-Се зборува дека на овој простор ќе никнат стотина нови згради. Ние жителите почнавме да се организираме и да собираме потписи по зградите против ваквите непромислени проекти на властите. Не се согласуваме со пикањето згради кај ќе им текне и со живи штитови ќе го браниме нашето право за здрава животна средина-велат жители на општина Кисела Вода.

Оваа најава се коментира и на социјалните мрежи.

Новинарот Дарко Чекеровски напиша:

„Тајно и нетранспарентно, без никаде да објави, залепи известување на влезови или информира, Општина Кисела Вода во среда во 12ч. организирала јавна презентација на ДУП-от. Напикаа згради на секое делче од слободната земја, иако повеќе пати бевме и молевме, аргументиравме, поднесувавме официјални барања за зеленило, за основни услови за живот. Карши училиштето Кирил Пејчиновиќ, каде што првин почнаа да градат црква, потоа парк, сега е вцртана седумкатница зграда со 100 стана. На ќошот кај Мечкаров исто така, и на сите слободни места. Затоа, како граѓани од денеска се организираме со собирање потписи, петиции, по згради и пунктови. Ќе продолжиме со протести, човечки штитови да го браниме правото на #живот и животна средина. Не сакаме да живееме како примитивци и нема да дозволиме властите да прават фавели и сламови од делови од градот.“- пишува Чекеровски на Фејсбук.

Неофицијалните информации очигледно ги зовреа страстите меѓу жителите на Кисела Вода а дали градежна инвазија ќе ја зафати оваа општина ?

Порталот А1он пренесе дека според новиот предлог на општината на погореспомнатиот простор се предвидени да никнат шесткатници, осумкатници, деветкатници, тринаесеткатници, некои од нив раздалечени на само 12 метри простор а пренесуваат дека од Општина Кисела Вода велат дека овој Детален урбанистички план е во согласност со ГУП-от и по планираната бруто-изградена површина и по густината на жители.

Фото: фејсбук

Токму постапката за промена на ДУП меѓу граѓаните се коментира дека била извршена на нетранспарентен начин, жителите не бил известени и не биле воопшто поканети за учество во јавната дебата.

Зошто мора да никнат згради?

Површината на Расадник, е можност Кисела Вода да направи нешто за себе, а уште повеќе за градот, коментираат граѓаните. Токму тој простор е идеален за нов градски парк во Скопје, јавен простор и збиралиште во општината, спортски терени, простор каде Кисела Вода ќе може да создаде нешто препознатливо за себе .


фото: марх.мк

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето