Ќе стане ли Тетово како Скопје што беше во јули? Комуналците започнаа штрајк
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023 12:05
На Тетово му се заканува катастрофа која може да потсети на она што му се случуваше на Скопје во јули, откако работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, денеска почнаа штрајк поради неисплатени повеќе плати и немање здравствено осигурување.
Денес нема да го собираат сметот од контејнерите. Работниците се револтирани и велат дека нема да го собираат сметот, без разлика колку ќе се собере, па дури тоа да биде и со месеци
- Се собравме денеска поради тоа што ни доцнат плати и немаме здравствено осигурување. Пред 40 дена сме зеле плата, а ни должат вкупно три или четири плати, зависи од работникот. Здравствено осигурување немаме веќе четири, пет месеци, одиме приватно, кој има пари ќе се лекува, кој нема ништо. Додека не дадат плата нема да се работи, изјави работникот Кочо Трпевски.

Во прашање се над 120 работници. Преземањето на комунална хигиена од словенечката компанија од групацијата Саубермахер, со кого е потпишан партнерски договор, треба да биде од 1 јануари 2024 година.
Од Општина Тетово денеска информираа дека ќе имаат состанок со работниците за надминување на проблемот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




