Ќе треба бустер доза, затоа што ЕУ ковид-сертификатите ќе важат 9 месеци
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Ноември, 2021 17:23
Коронавирусот и натаму ги усложнува меѓународните патувања. ЕУ ковид-сертификатите ќе важат 9 месеци, а потоа ќе треба бустер-доза.
Ковид-сертификатите за Европската Унија, ќе важат девет месеци по последната доза вакцина, се наведува во новите препораки за патувања на Европската Комисија, објавени денеска. За продолжување на нивната важност ќе биде потребна дополнителна доза од вакцината (бустер-доза).
Покрај доказ за вакцинација, сертификатот може да се добие преку негативен тест на коронавирус во последните 72 часа или пак по прележување на болеста.
Граѓаните кои немаат ваков сертификат ќе можат да патуваат, но од нив може да се бараат да исполнат дополнителни услови пред или по нивното пристигање. Истите правила ќе важат и за сите млади повозрасни од 12 години.
Препораката од Европската комисија треба да биде прифатена од сите 27 земји членки.
Новите податоци на Европскиот центар за заштита и контрола на болести (ЕЦДЦ) покажуваат дека заштитата од вакцините се намалува по првите шест месеци и се препорачува бустер-доза за да се пролонгира имунитетот по овој период.Словачка е земја која се затвори, а можно е истото да го сторат и други еврсопки држави.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи
(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена





