„ЌЕ УДРАМ ВО САМИОТ ЦЕНТАР НА ЃАВОЛСКА МОСКВА“: Трамп му се заканил на Путин
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2024
Кремљ денеска соопшти дека нема да биде вовлечен во откривање на разговори на високо ниво, откако Волстрит Журнал (WSJ) го цитираше републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека му се заканил на претседателот Владимир Путин дека ќе ја нападне Москва во случај на инвазија на Украина.
Во интервју за весникот Трамп рече дека го предупредил Путин дека доколку тргне на Украина, тој ќе го нападне.
„Владимир, ако одиш во Украина, ќе те удрам толку силно што не можеш ни да замислиш. Ќе удрам во самиот центар на ѓаволска Москва, му го раскажал Трамп разговорот со Путин на новинарот на весникот.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека Русија ќе заземе разумна позиција и нема да ја открие содржината на разговорите на високо ниво.
-За жал, голем број светски државници не се придржуваат до тој став и не се грижат за хигиената на информациите. Тоа оди на нивна душа, рече Песков.
Песков, исто така, додаде дека „во САД, во екот на претседателската кампања, може да се слушнат многу вжештени и многу емотивни изјави, особено во последната фаза од кампањата“ за новиот станар на Белата куќа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.