Добивај вести на Viber
Генералниот директор на Железница Србија, Драгољуб Симоновиќ тврди дека е подготвено создавањето на заедничко железничко претпријатие на Србија, Хрватска и Словенија Карго 10 кое треба да го зголеми транспортот на железничкиот Коридор 10.
Според него, српската влада дала поддршка за Карго 10 и веќе испратила договори на потпишување во Словенија и Хрватска. Симоновиќ вели дека особено е важно за транспортот по овој коридор да се намали задржувањето на возовите на границите со Хрватска и Македонија, каде што не би требало да се чека повеќе од 30 минути, јави Танјуг.
Се предвидува седиштето на компанијата да биде во Љубљана, а заедничката железница ќе располага со пет проценти од вкупниот број возови на железниците од трите земји. Србија, Словенија и Хрватска би требало да имаат по една третина од уделот во Карго 10.
Проектот, кој датира од октомври 2010 година, предвидуваше компанијата „Кaрго10″ да биде создадена од железничките претпријатија од Србија, Хрватска и Словенија, а потоа со својата инфраструктура да се вклучи и македонската железница.
Сепак, реализацијата на проектот постојано се одлагаше.
Инаку ова е еден од неколкуте големи економски проекти на земјите од бивша Југославија. Таков беше и формирањето заедничка авиокомпанија на земјите од поранешна Југославија. Првите луѓе на „Кроација Ерлајнс“, „Монтенегро ерлајнс“,„Адриа Ерлајнс“ и ЈАТ се обидуваа да ги обединат четирите национални во еден регионален авиопревозник. И овој пат, преговорите беа отворени со многу ентузијазам, но конечното НЕ за создавање регионална авиокомпанија беше кажано во мај минатата година во Црна Гора.
Во меѓувреме, помеѓу овие обиди за регионализација на компаниите пропадна и обидот на лотариите од земјите од поранешна Југославија лотарија да им понудат на своите граѓани да пополнуваат исто лото ливче и да играат за премија што беше првично требаше да изнесува 2 милиони евра.
Редакција Фактор