Добивај вести на Viber
Цената на златото запре со слободно паѓање во попладневните часови, но и покрај тоа благородниотметал е на пат да запише историска квартална загуба во трговијата на подот на „Comex“. За овој квартал вредноста на златото ќе достигне пад од околу 25%, прогнозира „Market Watch“.
Претходното слично тонење беше регистрирано во 1982 година. Тогаш за период од три месеци цената на златото се намали за 18 отсто.
Причината за падот во последните месеци се подобрените податоци за развојот на американската економија. Тие сепак носат и ветувањето на Федералните резерви за ограничување на програмата за стимулирање. Затоа, коментираат аналитичарите не е чудо што и денес највредниот метал се тргуваше на ниво под 1 200 долари за унца - цена.
Последните часа од трговијата се нормализира со благ раст од 0,75% и цена од нешто над 1 220 долари за унца. Сепак златото оди кон загуба од 6 отсто за оваа недел и од 13 отсто во јуни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.