19 Декември, 2025
0.0503

ЌЕ ЗНААТ ТОЧНО КОГА ИМ СЕ ПРИБЛИЖУВА НАСИЛНИКОТ - се предлага нов закон за жените жртви на семејно насилство

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Промена на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство бара пратеничката Моника Зајкова. Нејзиниот предлог веќе е доставен до другите колеги пратеници, а согласно документот поставен на веб страната на Собранието, Зајкова предлага конкретна мерка со која жртвите ќе добијат предупредување во случај кога напаѓачот им се приближува. 

- Со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство уредени се итните и привремени мерки за заштита на жртвата и членови на нејзиното семејство од сторителот на насилство, меѓу кои и отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот на предлог на Министерството за внатрешни работи, без согласност на жртвата. 

Предложеното дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство има за цел да ја заштити жртвата од дополнително насилство од страна на сторителот, кој не почитува забраната за приближување до неа и до домот – се нагласува во законското решение.

Притоа се дополнува дека и покрај забраната, се случува жртвата по пријавувањето на насилството да биде изложена на дополнително насилство од страна на својот партнер кој не ја почитува забраната за приближување до домот. 

- Предложената промена на законот вклучува доуредување на привремената мерка забрана за приближување на сторителот до жртвата. 

Ова значи дека, дополнително до забраната за приближување, сторителот ќе има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри. 

Оваа мерка би требало да ја засили заштитата на жртвата и да ја намали можноста за повторно изложување на насилство – се посочува во законското решени. 

Во предлогот за измена на законот се појаснува дека оваа промена се предлага поради се позачестените и брутални случаи на семејното насилство кои се случуваат во нашето опкружување, со што ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите. 

- Промената на законот се предложува поради потребата за подобрување на механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, имајќи предвид сериозноста на последиците кои може да ги има насилството врз жртвата. 

Целта на Предлогот е да се обезбеди поефикасна заштита на жртвите на семејно насилство – се посочува во законското решение. 

Според она што е наведено во предлого за измена, Зајкова предлага во членот 58 став (1) точка 3 по зборот „жртвата“ да се додаат зборовите: „со обврска сторителот да носи електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до определеното место, односно е на оддалеченост помала од 100 метри од жртвата“.

П.О.

Фото: Архива

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот