19 Декември, 2025
0.0607

Кластер позитивни на ковид во Психијатриската болница Бардовци

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2020 10:32

Добивај вести на Viber

Неколку штитеници на Психијатриската болница-Бардовци во Скопје се позитивни на корона вирусот, дознава Фактор. Според неофицијалните информации, кластерот од неколкумина заболени е во одделението за Геријатрија каде се сместени највозрасните пациенти.

Таму утринава е испратен тим за да направи увид, со цел да се знае точниот број на заразени со Ковид-19, како и утврдување на контактите.

Понатаму, како што велат изворите на Фактор, ќе се постапува според утврдените протоколи, што значи дека вработените кои веќе имале контакт со штитениците позитивни на корона вирусот ќе бидат во домашна изолација. 

-Заразените повозрасни штитеници ако немаат тешка форма на болеста, односно се со полесни симптоми ќе си останат изолирани од останатите во рамки на Психијатриската болница Бардовци, вели изворот на Фактор.

Во последните 24 часа, во Македонија е регистриран највисок број на позитивни на ковид, 445, од кои само во Скопје беа 249. Меѓу нив е и кластерот од Психијатриската болница Бардовци.

А.Б. 

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти