18 Декември, 2025
0.1097

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2025 16:40

Добивај вести на Viber

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции, кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување. Пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа. Ова денеска го истакна генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кој рече дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции. 

Претставките, појасни, опфаќаат различни периоди, најстарата е за нешто што се случило во 2010 година.

- Во основа има три категории поплаки, односно претставки: едната е каде можно е да им е направена интервенција на пациенти, а немало потреба од тоа, втората е каде на пациенти требало да им се направи, а не им е направено тоа што требало да се направи, и третата се однесува на пациенти кај кои од тоа што е направено нема да има помош во смисла интервенциите кои се направени кај пациенти кои можеби се во терминална фаза нема да водат кон подобрување на нивната здравствена состојба или кон продолжување на животниот век.  Тоа може да го спореди со давање скапи онколошки лекови на терминално болни пациенти, каде единствено палијативна нега е потребна во моментот, а тоа не е едноставна одлука, но е одлука која мора да биде донесена, рече Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за активностите на ФЗО за зголемување на бројот на матични доктори во руралните средини.

Тој апелираше до медиумите дека не треба да се очекуваат брзи резултати и не е пожелно да има брзо резултати, бидејќи тие би биле погрешни.

- Мора да влеземе длабоко во овој процес, бидејќи тој мора да биде процес на учење, каде сме грешеле, што треба да промениме за овие работи да не ни се случуваат во иднина за да ја вратиме довербата во тој сегмент на здравството. Истрагата за Онкологија траеше долго време, дека домашните лекари ги лоцираа можните случаи, дека тие беа испратени во странство на мислење, дека таа постапка трае. Тука брзината е помалку важна од квалитетот на сработеното, бидејќи мора да бидеме сигурни во тоа што ќе постапиме и доколку има сериозни грешки тоа треба да заврши со кривични пријави, да биде еден процес на барање и преземање одговорност, а ние како здравствени власти да извлечеме поука како да го промениме системот од контрола на квантитет кој контрола на квалитет на сработеното, потенцира Клековски. 

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека индивидуалната одговорност мора да се санкционира, бидејќи грешките се индивидуални, мора да се санкционира како поука за сите други дека ќе има одговорност.

- Ние надвор од гонење за 100 евра мито немаме ниеден сериозен случај во здравството, а има сериозни случаи. Затоа случајот Онкологија е стратешки важен да биде изведен до крај со правосилност без оглед каква ќе биде правосилната пресуда и овој случај мора да биде изведен до крај, додаде Клековски.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија