19 Декември, 2025
0.0702

КЛЕМЕНТИНА БИЛА СЛАБА И МАЛА И НЕ МОЖЕЛА ДА ГО УБИЕ ДЕНИС ТОТ, ДУРИ И ДА САКАЛА - адвокатите на девојката бараат ослободителна пресуда

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2022 13:28

Добивај вести на Viber

– Обвинетата Клементина Левковска е слаба личност, ниска по раст и со околу 40 килограми, на нозете носела патики со гумен ѓон и со ваква конституција, таа не може да нанесе повреда што ќе предизвика ротација и прекин на ‘рбетниот мозок, изјави нејзиниот бранител Бојан Василески во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

– Неспорно е дека истата презела дејствија против сега починатиот, но со оглед на нејзиниот физички капацитет, јасно е дека таа, без употреба на некакво опасно средство, не е во можност да го стори ова кривично дело, односно не била способна да го убие починатиот Денис Тот, дури и да го посакувала тоа, рече тој.

Според него, за да биде „исполнето битието на ова кривично дело“ треба силен и убедлив доказ, кој го сторил делото, но еднакво важно и на кој начин е тоа сторено.

– Ваквиот факт е од основна важност, односно непостоењето на силен доказ дека токму обвинетата Клементина ја нанела смртоносната повреда, ја ослободува од одговорност за кривичното дело кое ѝ се става на товар, рече тој.

- Треба силен и убедлив доказ кој го сторил кривичното дело и на кој начин. Кога постои смрт, не значи дека по автоматизам е сторено кривично дело убиство. За да се докаже ова кривично дело, потребно е да се знае со каква примена на сила, во кој дел од телото, како е нанесена, а сторителот да има умисла да го стори тоа. Во конкретниот случај, утврдија дека причина за смртта е нагмечување на големиот и р’бетниот мозок. Но остана нејасно како е нанесена таа повреда. Вештите лица не кажаа дека е од удар нанесен од обвинетата Клементина. Непостоењето на силен доказ дека Клементина ја нанесила смртоносната повредата ја ослободува од кривична одговорност која и се става на товар“, посочи адвокатот на Клементина.

Василески образложи дека Клементина се бранела.

- Пред донесување на одлуката, му предлагам на судот да има во предвид што претходело на кривично правниот настан односно што го предизвикало истиот. Имено, од распитот на сведоците, може да се заклучи дека токму оштетениот го предизвикал кривично-правниот настан и тоа со грубо малтретирање на обвинетата Клементина, која била буквално жртва на сега починатиот. Тој правел проблеми во дискотеката, имал агресивни испади, викал на повисок тон“, додаде адвокатот.

Адвокатот Емил Гугутчески, исто така, се приклучи кон завршните зборови и побараа од Судот пресуда со која обвинетата ќе се ослободи од обвинение.

Претходно, ослободителна пресуда за својот клиент побара и бранителот на обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, Иле Танев.

Обвинителката Тања Трајчевска, пак, побара осудителна пресуда за обвинетите, бидејќи според неа, од доказната постапка произлегло дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин, време и место како што е опишано во обвинителниот акт и побара од Судот да пресуди по однос на нив, имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности.

Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. Процесот продолжи со завршни зборови на одбраната на обвинетиот Андреј Костовски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот