КЛУЧЕН ДЕН ЗА ИЗБОРИТЕ: Собранието пред распуштање-кочница буџетот за 2017!
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
Денешниот ден е клучен за изборите закажани на 11 декември.
Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски закажа собраниска седница на чиј дневен ред е буџетската каса а потоа и распуштање на пратениците.
Сепак не е исклучена можноста на дневен ред да се најдат и предлог измените околу шестата изборна единица.
Она што би можело да го закочи распуштањето на Собранието е носењето на буџетот за 2017.
Овој предлог кој владеачката гарнитура сака да го протне пред избори не го прифаќа опозицијата која пак бара оваа точка на Законодавниот дом да се решава после изборите.
Демократскиот сојуз вчера побара на денешната седница на Собранието прво да се изгласаат законите за Специјалното јавно обвинителство што ги предложи Павле Трајанов, потоа да се направат промените за 6. изборна единица и на крај да се гласа за Буџетот и за распуштањето на Парламентот.
Пратеничките групи денеска треба да се сретнат и да го утврдат текот на одвивањето на седницата.