„КЛУЧЕН ПРИОРИТЕТ ЌЕ НИ БИДЕ ЗДРАВСТВОТО“: Мицкоски најави големи измени, дури и кратење на двојните директори

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024 17:45
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада, Христијан Мицкоски, пред почетокот на седницата на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС), рече дека еден од главните приоритети на новата влада ќе биде здравството.
Во одговор на новинарско прашање поврзано со случувањата во Клинички центар, Мицкоски изрази жалење што граѓаните се соочуваат со проблеми, за кои рече „мислевме дека се дел од минатиот век“ и порача дека ќе има одговорност.
- Еден од клучните приоритети ќе ни биде здравството, има многу приоритети, но еден од клучните приоритети ќе ни биде здравството. Секој од нас на секојдневна основа има контакт со здравството и жалам што ова им се случува на македонските граѓани, во 21 век пациентите да ни умираат во ходници или да се случуваат инфекции кои мислевме дека се минато и се дел од минатиот век. За ова ќе има одговорност - рече Мицкоски.
Посочи дека во минатото како опозиција постојано укажувале на слабостите на македонското здравство, но како што рече, тогашната актуелна власт таквите предупредувања ги толкувала како политиканство и бркање на политички поени.
- Еден од главните приоритети ќе ни биде решавање на овој проблем. Жал ми е што сѐ што зборувавме во минатото излезе точно и жал ми е што од страна на малкумина, кои што сѐ уште се дел од актуелната власт, беше протолкувано како политиканство, ниски страсти и бркање на политички поени, наместо да ги засукаат ракавите и да се зафатат за работа. Ќе ве потсетам на случајот за Онкологија кога предупредувавме на многу од акутните проблеми којшто ги има македонското здравство, но за жал од страна на тогаш се уште актуелното мнозинство не наидовме на разбирање, но сега тоа е позади нас - рече Мицкоски.
Тој воедно најави и измени во здравството кои се однесуваат на медицинските и економските директори во болниците во земајва.
- Еве можам да ви кажам дека идната влада нема да има повеќе организациски или т.н. економски директори во здравствените установи низ Македонија, со што за стотина функционери ќе биде помала администрацијата. Исто така можам да ви кажам дека се работи и дека веднаш по формирањето на владата ќе почне да се работи на уште едно ветување коешто е заедничко со идните коалициски партнери, а тоа е еден Клинички центар, што значи дека ќе имаме уште педесетина функционери помалку. При формирањето на управните одбори имаме согласност таа бројка да биде за 20 проценти намалена од таа којашто беше досега. Следен чекор е укинување на позицијата онаму каде што постои заменик (директор) и нормално уште еден чекор, а тоа е намалување на бројот на пратениците во парламентот, но за тоа е потребно отворање на Уставот, од 120 на 90 - изјави Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани
