20 Јануари, 2025
0.0593

КОЦЕ ДА УЧИ ОД КОПЕНХАГЕН: Како овој град има повеќе велосипеди од автомобили ?

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Копенхаген е град во кој има повеќе велосипеди отколку автомобили. За последната година велосипедите се зголемиле за 35 080, а вкупниот број изнесува 265 700.

Бројот на автомобилите е 252 600, пренесе The Guardian.

Општината во градот почнува да презема мерки за сообраќај уште во 1970 година, кога во главниот град на Данска имало 351 133 автомобили и 100 071 велосипеди. Во 2009 година во градот е инсталиран првиот бројач на електрични велосипеди во близина на општината, а правото на бројачите кои до денес го следат сообраќајот во градот, е 20.

Напорите на Копенхаген за намалување на автомобилскиот сообраќај вродиле со плод. Во последните 20 години сообраќајот на велосипеди се зголемил за 68%. Од 2005 година во градот се инвестирани 1 милијарда дански круни во изградба на инфраструктура за велосипеди.

„Возењето велосипед стана еден нормален дел од секојдневниот живот на луѓето во градот“, вели Клаус Бонд, шеф на Данската федерација велосипедизам и поранешен градоначалник на еколошките прашања. Според него силното политичко раководство му помогнало на градот да стане толку зелен.

Актуелниот градоначалник на еколошките прашања Мортен Кеибл, смета дека во градот има уште каде да се инвестира во оваа насока. Во рамките на една деценија тој го гледа централниот дел на градот без автомобили, а аспирациите му се 50% од жителите на градот да патуваат со велосипед до работното место. Во моментов тој процент е 41. Тој додава дека тоа ќе се промени кога проширувањето на метрото биде подготвено во 2019 година

„Нема сомневање дека дел од сообраќајот на велосипеди ќе се намали, но за мене е најважно да има зелен транспортен систем. Додека овој вид транспорт го олеснува метежот и загадувањето на воздухот во градот, јас ќе продолжам да работам за неговиот развој“, коментира Кеибл.

Лани сообраќајот со велосипеди во Копенхаген е зголемен за 15%, а движењето на возилата е намалено за 1%. Во меѓувреме населението на градот постојано расте и во следните 15 години се очекува од 600 000 луѓе, да стигне 715 000.

„Луѓето гледаат дека најбрзиот начин да се движат во градот, е со велосипед“, нагласува Кеибл. Според него предизвиците со кои треба да се справи локалната власт сега се поврзани со изградба на инфраструктура за зголемениот број на луѓе. Не помалку важно е проширување на метрото, додава тој.

За многу градови постигнувањето на она што го има Копенхаген е само сон. Кеибл е категоричен дека ако се изгради стабилна инфраструктура и луѓето ќе видат дека таа е безбедна, ќе почнат да возат велосипеди. Не сите градови сепак се развиваат во таа насока. 

Во Пекинг на пример, возење на велосипеди падна од 60% на 17% во периодот 1986 - 2010 година . До денес лидерите на метрополите почнуваат да гледаат светлина во овој вид транспорт и вложуваат напори за подобрување на инфраструктурата

Следниот чекор во развојот на Копенхаген е да се создадат добри алтернативи на автомобилите. „Не може едноставно да се забранат автомобилите. Затоа ние го прошируваме метрото и ја подобруваме инфраструктурата. Треба да се дадат други опции на луѓето и потоа полека да се одземе просторот за автомобили и да се претвори во таков за велосипеди“, категоричен е Кеибл.

Овој град е добар пример, таткото на Скопје Коце Трајановски да учи како велосипедот да стане број неден превозно средство, притоа, градот ќе стане чист и зелен, а воздухот нема да ги гуши граѓаните.

Меѓутоа, и граѓаните треба да поработат на свеста и тие повеќе да се движат со велосипеди отколку со автомобили.

Можеби ќе ве интересира

Пожар избувна во старечки дом во Кавадарци

Пожар избувна во старечки дом во Кавадарци

ЗА ПРВ ПАТ ПРЕМИЕР НА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ПОКАНЕТ И ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Успех за македонската дипломатија, вели Милошоски

ЗА ПРВ ПАТ ПРЕМИЕР НА ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ПОКАНЕТ И ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Успех за македонската дипломатија, вели Милошоски

Кривичен суд: Притвор за Раде Трајковски - Штекли и за уште деветмина

Кривичен суд: Притвор за Раде Трајковски - Штекли и за уште деветмина

ТУРСКИ ТУРИСТИ СЕ ИЗГУБИЛЕ КАЈ МАТКА: Се ангажирал чамец за да се спасат

ТУРСКИ ТУРИСТИ СЕ ИЗГУБИЛЕ КАЈ МАТКА: Се ангажирал чамец за да се спасат

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАТОТ ОД ПАНТЕЛЕЈМОН ДО СРЕДНО ВОДНО: Неколку возила заглавија во снегот вчера

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАТОТ ОД ПАНТЕЛЕЈМОН ДО СРЕДНО ВОДНО: Неколку возила заглавија во снегот вчера

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Што велат психолозите, треба ли луѓето да се тестираат дали се спремни за родители?

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Што велат психолозите, треба ли луѓето да се тестираат дали се спремни за родители?

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ПОРАСТ, ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НАВРЕМЕ: Постои ли зголемен ризик од ширење на сезонскиот вирус

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ПОРАСТ, ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НАВРЕМЕ: Постои ли зголемен ризик од ширење на сезонскиот вирус

„РАЗБИРАМ ВЕРНИЧКА, РАЗБИРАМ ТРАДИЦИИ, АМА СЕКОЈ БОЖЈИ ПРАЗНИК СО/ДО ПОГЛАВАРОТ ДА БИДЕШ?“ Ванковска за Силјановска Давкова и вчерашното одбележување на Водици

„РАЗБИРАМ ВЕРНИЧКА, РАЗБИРАМ ТРАДИЦИИ, АМА СЕКОЈ БОЖЈИ ПРАЗНИК СО/ДО ПОГЛАВАРОТ ДА БИДЕШ?“ Ванковска за Силјановска Давкова и вчерашното одбележување на Водици

„ДОБРО УТРО ОД ВАШИНГТОН“: Муцунски со селфи ја поздрави Македонија од САД

„ДОБРО УТРО ОД ВАШИНГТОН“: Муцунски со селфи ја поздрави Македонија од САД