16 Декември, 2025
0.0628

КОЧАНИ ЗАВИЕНО ВО ЦРНИНА, МОЛК И ТАГА: Погребани жртвите од дискотеката „Пулс“

Објавено во: Македонија 20 Март, 2025 13:52

Добивај вести на Viber

Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево. 

Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи. 

Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани... На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство. 

Во Скопје денеска беа погребани членови на бендот ДНК кои починаа од пожарот. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица. Во Штип се погребани Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов, кои исто така беа дел од бендот. 

Од загинатите во пожарот се простуваат и последна чест им одаваат и граѓани од целата земја. Во главниот град и денеска граѓани на плоштадот палеа свеќи. 

Министерството за здравство денеска ги објави имињата на сите 59 загинати во пожарот кои се на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата наутро загинаа 59 лица, а над 170 се повредени. Животот го загубија Алексова Стефанија 2004, Џамов Јорданчо 1993, Трајчев Иван 2000, Ѓоргиев Џоко 2000, Коларов Александар 1981, Величков Иван 1998, Стојанов Андреј 2000, Антова Ивона 2003, Христовски Павел 2004, Димитријев Диме 1994, Насевски Никола 2007, Богданов Тоше 1994, Тодоровски Тоше 1988, Коцева Ана 2004, Живков Адријан 2000, Петрушов Гордан 2001, Горгиев Игорче 1976, Стевановски Филип 1988, Стојанов Томче 2003, Стоименова Моника 1999, Стојанов Стојанчо 1988, Пројковска Николовска Capa 1977, Шопова Марија 1997, Ивановски Петар 2004, Ѓорѓиев Александар 1991, Марковски Матеј 2007, Закова Бојана 1997, Василков Ѓорѓи 1999, Петров Александар 1999, Минова Драгана 2008, Алексова Capa 2006, Ѓорѓиески Андреја 1982, Ивановски Филип 2008, Јорданова Capa 2007, Стрезоска Марија 2001, Ефремов Александар 1992, Велков Игор 1980, Тасева Стојковска Лепа 1998, Атанасовски Мартин 1996, Алексов Александар 1986, Минов Божидар 2001, Милковска Кети 1999, Златков Томас 2003, Соколова Стефанија 2005, Велков Леонид 2007, Наунова Надица 2007, Јорданов Виктор 2000, Панов Андреј 2000, Иванов Димитар 2008, Стоименов Спиро 1998, Владимиров Јове 1993, Андонов Ице 2003, Тасевски Стефан 1988, Величков Ѓорѓи 1994, Стојанов Александар 1986, Христова Сања 1999, Танески Дамјан 2006, Спасова Моника 1998 и Лазаров Андреј 1999. 

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“