Коѕијас слета во Охрид - каква агенда го чека утре?
Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 18:32
Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, попладнево слета во Охрид со грчки владин авион.
Вечерва тој ќе има работна вечера, а официјалната средба е закажана за утре во 9 часот во Охрид. Очекувањата се дека утрешната средба може да ги приближи ставовите околу спорот со името.
Од Министерството за надворешни работи велат дека се очекува нова рунда на тешки разговори, но дека остануваат оптимисти дека ќе се најде достоинствено решение.
Средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција е една недела пред објавување на новиот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.
И македонскиот премиер, Зоран Заев неколку пати кажа дека е оптимист за преговорите.
Инаку, Коѕијас на денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград истакна дека спорот за името со Македонија може да се реши со компромис кој ќе го направат двете страни за што веќе е направен чекор напред.
Тој е на балканска турнеја.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




