18 Декември, 2025
0.0615

КОЕ Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈ ТЕРМИН, КОГА МОЈОТ ТЕРМИН НЕ Е МОЈ: Три месеци да се дојде до специјалист, погрешни пораки до граѓани и уште...

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022 07:55

Добивај вести на Viber

Дали некогаш основните работи во македонското здравство ќе се средат, револтирано прашуваат граѓаните, кои едвај стигнуваат до лекар специјалист и тоа голем дел од нив само за да добијат мислење за продолжување на терапијата за нивната хронична болест. Други пак, кои се обратија до редакцијата на Фактор, велат дека секојдневно добиваат пораки од системот МојТермин за преледи кои никогаш не ги побарале. Револт изразуваат и матичните лекари кои на нивните пациенти не можат да им обезбедат термин, за акутно заболување, за кое мора веднаш мислење да даде лекар специјалист.

-Работата е дојдена дотаму, „никогаш да не ти затреба доктор“. Па тоа е вистинска голгота низ што се треба да се помине за 10-тина минути кај специјалистот кој треба само да напише „продолжување на терапијата“ за хроничното заболување. Повеќе од два месеци интернистката во координација со матичната лекарка се обидуваше да ми закаже термин. Во системот гледаа и едната и другата. Тоа се успеа некако. Дојде денот со закажаниот термин. Но, кое е значењето на МОЈ ТЕРМИН, кога мојот термин не е мој термин. Лекарот специјалист, конкретно на Клиниката за гастроентерохепатологија го чекавме најмалку 45 минути да дојде. Закажани пациенти од 9.00, лекарот го нема. Значи првиот пациент, го губи терминот, вториот пациент го губи терминот, третиот пациент го губи терминот. 

Почнувајќи од 9.45, на ред треба да биде четвртиот пациент, но од страна влегуваат други, незакажани пациенти. Тогаш која е логиката да постои МОЈ ТЕРМИН. Навистина се преминати сите граници на човечноста, а тоа што најмногу загрижува е што приватните ординации им функционираат непречено. Онаму каде што пациентот треба да плаќа, нема проблем, во секое време се достапни, револтирано вели пензионерката К.Б. од Скопје, која повеќе од три саати поминала во клиничките ходници при закажан МОЈ ТЕРМИН.

Истовремено до Фактор се обратија и граѓани кои посочуваат дека со СМС пораки се информирани за закажани прегледи кои никогаш не ги побарале.

-Навистина не знам како успеваат толку многу да грешат. Тогаш вистинскиот пациент кој треба да отиде на лекар останува без основната информација. Погледнете колку многу погрешни термини и тоа не само за во Скопје, туку и во другите градови. Има ли некој навистина што ќе ја работи работата како што треба. Ова на почетокот ми беше смешно, но проблемот е сериозен. Информации за закажани термини добиваат луѓе на кои не им се потребни, вели О.П. од Скопје, која што достави и фотографии од пораките.

Револтот не го кријат ниту матичните лекари и интернистите кои ги упатуваат пациентите на терцијарно ниво, кои сметаат дека системот МојТермин е убаво смислен, но не за во нашата држава.

-Секаде во напредните здравствени системи постои ваков облик на закажување. Но, ние за жал ние не сме таква напредна држава со напреден здравствен систем. Имаме пациенти кои веднаш треба да имаат термин кај нефролог, ортопед, невролог. Зборувам за пациенти кои имаат акутни болки, дали станува збор за болка во бубрег, или пак за мигренозни главоболки кои со ништо не поминуваат, или пак неиздржливи болки во кичмата, едноставно нема термнин. Одат и чекаат без упати, или со приоритетни и тоа системот не дозволува секој да добие приоритетен упат. Што се однесува до пациентите со хронични заболувања, на нив им бараме и по два три месеци термини кај одредени специјалисти. Значи овој систем мора или да се укине, да не постои веќе, или добро да се уреди за да функционира како што треба, посочуваат матичните лекари.

Анита Буховски

ФОТО: Фактор

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија